Сподели со пријателите

Време е за градинка

Родителската нега и времето поминато со децата има немерлива вредност за развојот на младата личност. Улогата на родител е една од најзначајните која човекот ја има во својот животен век. Инстинктивно, родителот најдобро се грижи за своето потомство. Оттука, дилема за тоа кое е вистинското време за градинка, е дилема која остава бессони многу родители. Сепак, на ова прашање е  многу тешко да се даде вистинскиот одговор. Некои деца се подготвени за градинка и на две, а некои не се и на пет години.

Дали моето дете е подготвено?

На детето му е потребно време за да се приспособи на престојот во градинката и да стекне доверба и сигурност во неа и во луѓето таму. Времето на приспособувањее специфично за секое дете и зависи од возраста на детето, неговиот темперамент и искуството кое го имало дотогаш (претходно одвојување, контакт со деца, претходни стресни искуства во животот).
Приспособувањетона детето во голема мера зависи и од ставовите на родителите. Децата се многу интуитивни и чувствителни и реагираат на секоја промена на вашето расположение и сигурно ќе ја препознаат вашата реакција и ќе се однесуваат соодветно на тоа. Не заборавајте дека децата ве доживуваат како супер битија кои сè знаат и можат, па поради тоа и безрезервно ви веруваат.
 
Во процесот на приспособувањена престојот во градинка,одредени деца нема да покажуваат никакви реакции на промената на средината и новата околина, додека други можеби своето незадоволство ќе го изразат со многу бурни реакции и изразени проблеми на физиолошки (пр. проблеми со храна или спиење) или емоционален план (пр.плачење, фрустрација, лутина,агресивност).Одредена група деца покажува реакции нормални и очекувани за возраста и ситуацијата во која се нашле.
 
Подготовката за одење во градинка е подеднакво важна како за родителот така и за детето
Покрај одлуката кога да се пушти детето во градинка, која треба да е цврста и сигурна, треба да се увидат и некои емоционални доживувања кои се појавуваат кај децата, и секако и кај родителите.
 
Речиси без исклучок, првите искуства и контактот со градинка е стрес и за децата и за родителите. Децата најчесто јавно и бучно сакаат да го избегнат тој стрес, додека, пак, кај родителите во најмала рака предизвикува измешани емоции на возбуда, радост, тага и страв.
 
Децата на возраст од една година најчесто при одвојување и при нова околина ќе рeагираат со неутешен плач, одбивање на контакт, ќе бидат повлечени или нема да се одвојуваат од својата цуцла лажливка, играчка или друг свој предмет. Можно е да имаат проблеми со исхраната или тешкотии со спиењето.
Некои деца ќе реагираат со регресивно однесување, односно ќе се вратат на однесувањето кое веќе го надраснале (пр. ќе се вратат на лазење, иако веќе знаат да одат).
 
Децата на возраст од година и пол до две,покрај плачењето и одбивањето на комуникација, често ќе манифестираат лутина и бурно ќе реагираат за време на разделбата со родителите.
 
Децата на возраст од три до пет годиниможеби нема толку да ги покажуваат своите емоции. Тие мирно ќе дојдат во градинката,но нема да се вклучуваат во активностите, нема да комуницираат со воспитувачите и/или децата, ниту,пак,ќе играат со нив. Можеби поголем дел од денот ќе го поминат молчејќи, во некој агол од просторијата, играјќи со некоја од своите играчки или со друг предмет, постојано прашувајќи кога ќе дојдат мама и тато.
Некои деца на оваа возраст може бурно да реагираат во односот со другите деца, воспитувачи или родители; може да ги удираат другите деца, гласно да плачат, да протестираат или грчевито да се држат до родителите. Кај некои деца,реакциите ќе се појават веднаш, додека кај други подоцна.
 

Сервисот“ на баба или градинка?
Уште едно од низата прашања без вистински одговор. Дали чувањето на детето да го доверите на баба и дедо или, сепак, во градинка? Бабите и дедовците се, секако, бесплатни, секогаш достапни, но често и во поодминати години и болежливи. Нивните лица им се познати на децата, им даваат неизмерна љубов и нежност. Меѓутоа, вратата за размазување и за создавање свет каде сèе дозволено е повеќе од отворена. Можеби за краток период ова е добро решение ако имате поставено јасни граници.

Како да му помогнете на детето да се приспособи што побрзо и полесно?

-  Пред поаѓање во градинка,зборувајте за градинката со насмевка и истакнете ги убавите страни на престојот (игра, дружење). Зборувајте му како е тоа интересно и забавно место каде ќе стекненови пријателства. Зборувајте му за активностите во кои ќе биде вклучено. Зборувајте позитивно и оптимистично, но бидете секогаш реални!

-  Доведете го детето во градинката пред да почне со приспособување, покажете му какоизгледаат градинката и дворот. Нека види како си играат таму децата и ако постои можност придружете им се.

-  Покажете му на детето дека сте горди што е доволно возрасно да може да оди во јасли иливоградинка и да биде таму без вас.

-  Одговорете на сите прашања од детето во врска со градинката.

-  Кажете му на детето кој ќе го носи и ќе го зема од градинка.


-  Поттикнете ги неговите социјални вештини–потрудете се периодот пред да тргне во градинка интензивно да биде во контакт со други дечиња приближно на негова возраст. Често посетувајте детски игралишта и надгледувајте го неговото однесување.

-  Приспособете го ритамот на животот на детето дома со ритамот во градинката (одредете време кога се јаде, спие, игра).

-  Кога детето ќе почне да оди во градинка,убаво е првите две недели да останува пократко време (првиот ден еден час, вториот ден два часа, при што распоредот на престој ќе го договорите со воспитувачките).

-  За децата од 3-5 години престојот во првите денови може да биде и подолг, но секогаш да биде во време на игра. Времето за одмор е критично,па треба да го оставите за подоцна, кога детето ќе се навикне на просторот.

-  Добро е детето во градинка да носи т.н. преоден објект – некоја драга играчка на детето или предмет кој му дава сигурност (шишенце, ќебенце, мече).

 
Што нема да помогне

-  Не покажувајте вознемиреност, страв, тага, но ни претерана радост. Објаснете му на детето дека градинката е негова работа како што и вие имате своја.
-  Не напуштајте го детето брзо и со бегање. Тоа ќе го вознемири детето.
-  Не одолговлекувајтегоразделувањето. Тоа само ќе го вознемири детето.
-  Адаптацијата не треба да се прекинува затоа што со тоа на детето му се дава порака дека ако доволно плаче и прави сцени,не мора во градинка. Од друга страна,повторната адаптација е многу потешка и трае подолго.
 
Вистинската формула како да се издржи адаптациониот период во градинка е индивидуален баланс. Трпението за да се постигне тој баланс е клучно. Имено, детето ќе се приспособува со свое темпо, кое не значи дека ќе биде праволиниско. Односно, првата недела може да биде помалку стресна за детето од втората или третата. Важно е да му го дадете просторот и времето на своето дете и да тагува и постепено да се приближува кон градинката. Но, никако да го прекине процесот. Бидете трпеливи и не споменувајте ја градинката во контекст на казна (ако си непослушен ќе одиш утре во градинка или ќе ѝкажам на учителката дека дома си непослушен).
 
Имајте доверба во системот и во воспитувачките

Многу е  важно да им се верува на негувателките и воспитувачките особено за темпото на адаптација. Градејќи го тој однос врз доверба, ќе му помогнете и на вашето дете да се опушти и да верува во новата средина.
 
За детето велиме дека е адаптирано на градинка тогаш кога своеволно заминува во неа, кога е спонтано и кога слободно си игра.
 
  
 
 
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.