Сподели со пријателите

Пита од тиква

Потребни состојки:
 
500 г кори
100 г шеќер во прав или по вкус
1 ванилин шеќер
100 мл масло
1 ќесичка цимет
1 кг тиква 
 
Подготовка:
Тиквата се лупи, се ренда и се меша со шеќерот, ванилата и циметот. Се остава да отстои околу 15 минути. Плехот во кој се подготвува, се подмачкува со масло. Корите се делат по 3, со тоа што секоја кора се пропрскува со масло. По третата кора се става смесата од тиква, краевите се превиткуваат и корите се виткаат во ролат. На ист начин се прават останатите кори и се редат во плехот за печење каде се премачкуваат со масло. Се пече 30 минути на 200 степени. Откако ќе се извади, се пропрскува со малку вода, се прекрива со крпа и се остава да се излади. Се сече, и по желба може да се посоли со шеќер во прав.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.