Сподели со пријателите

МИГРЕНА – повеќе од обична главоболка

Пулсирачка болка од умерен до јак интензитет, најчесто еднострана, проследена со мачнина, нагони за повраќање, пречувствителност на светлина и звуци се само дел од карактеристичните обележја на мигренозната главоболка.

Главоболка или многу повеќе од тоа?

Мигрената е хронична главоболка која трае од неколку часови до неколку денови. Симптомите и болката може да бидат крајно неподносливи и да го нарушат комодитетот и функционалноста на болниот. Најчесто се појавува помеѓу 20-тата и 40-тата година од животот и е почеста кај жените отколку кај мажите. Од мигренозна главоболка страдаат 15-20% од светската популација.
 

Причинители

Причините за појава на мигренозна главоболка се од различна природа и карактер, а најчесто може да се комбинација од повеќе. Сепак, како позначајни фактори кои водат кон појава на мигрена се:

Генетска предиспозиција
Доколку еден од родителите има мигрена,55% се шансите да добиете мигрена. Доколку двајцата родители патат (страдаат) од мигрена,има дури 75% шанса да заболите од мигрена.

Хормонални нарушувања
Ова најчесто се однесува на жените,па затоа во тек на менструација или во менопауза најчеста е појавата на мигренозни напади. Не се исклучени дури ни жените во бременост.
 

Храна и алкохол

Несомнено, еден од позначајните фактори за развој на мигренозна болка. Ова опфаќа не само вид храна, туку и навики на јадење. Па оттука, како фактор може да биде прејадувањето, нередовни оброци, гладување, постење или одредени диететски режими. Во групата на храна која ја зголемува можноста за појава на мигрена спаѓаат некои видови сирења (кои содржат тирамин), месо и месни преработки (салами, сланини, виршли кои содржат нитрити),како и храна која содржи адитиви за промена на вкус. 
Глутенот, односно намирниците кои содржат глутен (бело брашно, преработки, грицки), се директно поврзани со појава на мигрена.


 
Стрес
Стресот на работа или,пак,семејнитепроблеми го зголемуваат ризикот одпојава на мигрена.
 




Сон и спиење
Спиењето има многу важна улога во појавата на мигрена. Недостигот на сон,но и предолгото спиење,ја зголемуваат можноста за појава на мигрена.



 
Временски услови и патувања
Секоја промена на атмосферскиот притисок и температурата на воздухот, а особено наглите промени,се ризик-фактор за појава на мигрена.



 
Стимулирање на чувствата
Силна светлина, гласна музика и бучава можеда предизвикаат мигрена.



 
Физички напор
Напорна физичка активност или напорни тренинзи се вбројуваат во факторите за ризик.
 



 
Лекарства
Мигрената може да биде резултат на некои лекарства кои ги примате. Ако се посомневате дека одредени лекови ви предизвикуваат мигрена, консултирајте сесо вашиот лекар за да ви препорача нивна замена.
 



Симптоми

Епизодите на главоболка може да траат од  4-72 часа. Најчесто се на едната половина од главата, со  пулсирачки карактер и различен интензитет(од средна до многу силна болка). Може да се со различна фрекфенција (од еднаш на неколку месеци до 2-3 пати неделно. Освен физичката болка симпромите се проширени и во вид на:
 

Пречувствителност за светло, звук и мирис – АУРА

-       нарушување на видот (трепкање на светлосни точки, појава на цик-цак и криви линии)
-       нарушување на мирисот (појава на чудни мириси – мирисна халуцинација)
-       нарушување на слухот (појава на звучни халуцинации)

Гадење и мачнина
Со или без болка, мигрената може да биде придружена со гадење, мачнина, па дури и повраќање.

Замор и поспаност
Болниот чувствува замор и поспаност, дури и честото проѕевање е симптом за појава на мигрена.

Депресија, раздразливост или возбуда
Промени во расположението се дел од симптомите за појава на мигрена. Некои од болните може да почувствуваат ненадејна депресија, а други голема енергија или возбуда.

Глад
Неверојатната желба за храна и чувството на глад, и покрај тоа што болнниот јадел неодамна, може да биде предзнак за појава на мигрена. Чувството на глад е насочено кон еден вид хранаи тоа најчесто изразено слатка храна.

Често мокрење
Доколку се појави зачестено мокрење, главоболката настапува за неколку часа.
 

Дијагностика  и лекување

Не постои специфичен тест, па дијагнозата се поставува врз основа на описот на болката, честотата и проследената симптоматологија.

Исто така, не постои специфичен лек, па терапијата најчесто оди во два правци и тоа:
со симптоматична терапија – со специфични лекови за третман на мигренозна главоболка, аналгетици, лекови против повраќање и сл. кај мигрена со поретка честота и со превентивна терапија т.е. континуирана употреба на лекови со цел да се спречи, односно редуцира времето на нападите.
 
Како дел од терапијата, може да се земе и промената на животните навики, особено во исхраната, кои значително ќе го подобрат квалитетот на животот и, секако, ќе ги редуцираат нападите на „разумно и подносливо“ ниво.

 



Совети

Овие совети во голема мера може да ја подобрат општата слика кога е во прашање мигрената, нејзината честота и интензитет.
-  Релаксирајте се и обидете се да поминете што повеќе време во природа со своето семејство.
-  Потрудете се да имате здрав сон. Нагодете го својот биоритам на оптимално ниво. Обидете се да не одите на спиење премногу доцна.
-  Внимавајте на исхраната. Не прескокнувајте ги оброците, и не прејадувајте се. Избегнувајте храна за која имате утврдено дека ќе ве одведе на прагот на мигренозна главоболка.
-  Водете дневник во кој би запишувале сèшто е потенцијална причина за појава на мигрена, например:штостејаделе, кога сте јаделе, колку времесте спиеле, дали сте биле под  стрес. Запишете гивременските промени, расположението, и поврзете ги со нападите.Преку дневникот постои можност да се откријат причини кои предизвикуваат мигрена.

Во случаи кога главоболката е неподнослива и е потребна медикаментозна терапија, советувајте се со вашиот лекар или со фармацевт.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.