Сподели со пријателите

ПОДГОТВЕТЕ ГО ТЕЛОТО ЗА ЗИМА

Најстуденото годишно време, полека, но сигурно, ни тропа на вратата. Сè повеќе се оддалечуваме од сончевитеи топли денови и се приближуваме кон долгите ноќи, магливите и дождливи денови. Овој период може да биде многу тежок и депресивен за некои луѓе,и затоа е многу важно телото и умот соодветно да се подготват и да се прилагодат за зимата која што е пред нас.

 
За да се подготвите на вистински начин и , секако, да уживате и во благодeтите на зимата, искористете некоја од нашите препораки.
 
Најчести причини поради кои имунитетот слабее!
 
Шеќер

Прекумерната консумација на слатки и храна богата со шеќер неповолно влијае на имуниот систем, а ќе има и неповолно влијание на нивото на вашата енергија и расположение. Водете сметка за ова!
 
Масна, пржена и конзервирана храна

Премногу масна, пржена или конзервирана храна значително може да ја ослабне примарната функција на клетките од имуниот систем. Ова особено се однесува на храна богата со холестерол, премногу солена, зачинета и храна „збогатена“ со конзерванси.
 
Пушење

Пушењето несомнено негативно влијае на работата на имуниот систем, како и на останатите функции и органи. Една испушена цигара може да уништи 25 мг на витамин Ц.
 
Алкохол

Прекумерната и честа консумација на алкохол подеднакво е штетна за целосна функционалност на одбранбениот механизам. Особено се зголемува ризикот за респираторни инфекции и воспаленија.
 
Сон

Недоволното спиење, како и немањето квалитетен сон, може неповолно да  влијае врз работата на имуниот систем. Ако кон ова се додадат стресот и раздразливоста предизвикани од недостаток на сон, тогаш изложеноста кон заболувања е уште поголема.
 
Запомнете дека на вашиот имун систем можете да му помогнете со едноставно исклучување на некои намирници од вашето мени или, пак, само со промена на одредени навики!
 
Едноставни начини како да го подобриме имунитетот и да го подготвиме телото за зима.
 
Ритуалите се важни

Начинот на кој ќе го започнете денот е многу важен. Хармонизацијата на утринските ритуали и потребите на организмот можеби се најважни. Одвојте време за еден нов ритуал, па наместо со утринско кафе, денот започнете го со чаша топла вода и лимонов сок. Една чаша на ден може да го промени целиот ден.
 
Исхрана

Кога зборуваме за храната, треба да размислуваме на „зимски режим“наисхрана. Внесувањето соодветни хранливи состојки има големо влијание врз вашиот имун систем и врз севкупното здравје. Јадете многу зеленчук, овошје, јаткасти плодови и семки. Истотака, не заборавајте на внесувањето различни извори на протеини. Клучот е во балансираната исхрана.
 
Вода

Во ладните денови, лесно забораваме дека внесувањето вода е подеднакво важно во текот на целата година. Водата е многу важен фактор за добар имун систем. Затоа, не заборавајте секојдневно да пиете вода во доволни количества.
 
Излезете на сонце

Користете ја секоја прилика да излезете на сонце. Сончевите зраци го овозможуваат создавањето на витамин Д во кожата. Ниското ниво на витамин Д го зголемува ризикот од респираторни инфекции, настинка и грип.
 
Лесни вежби и лесно движење

Многу е важно телото да остане во кондиција и во ериодот на студеното време. Затоа,важно е да се вежба умерено.
Доколку времето дозволува, возете велосипед, трчајте или едноставно пешачете најмалку триесетина минути дневно. Планинарете барем еднаш неделно. Вашиот имун систем ќе ви биде повеќе од благодарен.
Покрај ова, лошото време може да го искористите за пливање или, пак, за практикување техники, како јога и медитација, со што поволно ќе влијаете, не само на телесното, туку и на менталното и духовното здравје.
 
Соодветна облека и топли напивки

Започнете навреме да се облекувате топло и слоевито.
Препорака за овој период е пиењето топли напивки. Зелен чај или, пак, чај од ехинацеа се одлични кога е во прашање справувањето со симптоми на настинка и грип.
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.