Сподели со пријателите

ПРВА ПОМОШ ПРИ УБОДИ ОД ИНСЕКТИ

Летото е период на комплетно уживање надвор и во природа. Сепак покрај препораките и опасностите поврзани со негативните влијанија и заштита од пеколните температури и УВ зрачењето, тука е и уште еден вид на опасност  во форма на убоди и каснувања од разни форми на инсекти скриени во околните дрвја, тревнати површини цвеќиња...

За среќа поголем број од инсектите од нашето поднебје не спаѓаат во категоријата на опасни по живот, но често нивните убоди или каснувања можат да бидат непријатни и да предизвикаат помали здравствени нарушувања. Најчесто се се завршува во форма на јадеж, оток, и црвенило, но во зависност од степенот на пречувствителност некогаш и каснувањето од пчела може да биде смртоносно.
Со цел да избегнеме несакани  непријатности и расипување на летниот мир одредени мерки на претпазливост и секако практични совети за самопомош и олеснување на симптомите доколку веќе се случи каснување можат да бидат од голема помош.
 
Каснувања од пчели, оси и стршлени
Многу често во летниот период сме мета на каснувања од оси, пчели или пак стршлени. Каснувањата можат да бидат непријатни па дури и живото загрозувачки. 
 
Ладна облога при каснување
Каснувањето од пчела, оса или стршлен предизвикува оток кој се шири околу самото место на каснување, местото е црвено и почнува да трне. Со цел да се спречи ширењето на отокот, најдобро е што е можно поскоро по каснувањето да се стави ладна облога или парче лед.  Со ладењето се смалува отокот а истото придонесува до намалување на болката и јадежот.
 
Отстранете го осилото

Каснувањата од оса или пчела наизглед се слични, но сепак оној на пчелата е потежок бидејќи е појак алерген. Нивните убоди се разликуваат и по тоа што пчелата испушта повеќе отров и го остава осилото на местото на каснување. Заради ова е важно осилото веднаш да се извади од местото на каснување со помош на ноктите доколку е можно. Притоа да се внимава да не се притисне кесичката со што би се предизвикало излевање на преостанатиот отров. 
Осилото на стршленот е подолго и подебело. Обично се верува дека стршленот е поопасен од останатите инсекти. Неговото каснување е поболно но само заради големината и дебелината на неговото осило што природно предизвикува поголема болка. Неговиот отров содржи супстанци кој предизвикуваат поголемо чувство на печење и жарење но во суштина неговиот отров е помалку токсичен од оној на осата.
 
Анафилактичен шок 
Убодите од оса, пчела или стршлен можат да имаат и драматична завршница. Евентуална појава на анафилактичен шок може да биде и смртоносна. Заради ова после убодот треба да се следи состојбата и навремено да се реагира доколку се појави некоја несакана реакција. Кај некои лица по првиот убод можна е појава на алергиска реакција, која во случај на некое следно каснување може да предизвика бурна реакција фо форма на анафилактичен шок во кој доколку изостане медицинска интервенција може да има сериозни последици. 
 
Дека убодот предизвикал алергија може да се посомневаме доколку се појават јаки болки и отоци, отежнато дишење и краток здив. Анафилактичкиот шок е дополнет со промени на кожата, црвенило   јадеж. Покрај ова чести симптоми се и отоци на слузокожата, јадеж околу очите, носот и устата, понекогаш и отоци на јазикот и устата. Кај потешки случаи настануваат опструкции на горните дишни патишта. Лицата со симптоми на анафилактичен шок треба итно да бидат пренесени во најблиската здравствена установа. 
Доколку вие или некој член од вашето семејство сте со утврдена склоност кон појава на анафилактична реакција при убод на оса, пчела или стршлен , потребно е да го имате ова на ум и да преземете дополнителни мерки за претпазливост па дури и носење на сет за самопомош доколку сте далеку од урбана средина. 
 
Каснувања од комарец
Голема непријатност во текот на летниот период, особено покрај водени површини се комарците. За среќа кај нас не се познати случаи на пренос на опасни заболувања како маларија, денга вирус или жолта треска предизвикани од каснувања на комарци. Она што нас ни предизвикува главоболка се каснувањата кој предизвикуваат алергиска реакција во вид на црвенило, оток и многу чешање. Најважно е по каснувањето местото на убодот да не се чеша а јадежот да се неутрализира. За ова од помош можат да бидат сода бикарбона, јаболков оцет и лимон. Важно при користење на овие препарати е да се нанесат благо на местото на каснувањето без претерано втривање на кожата. Од корист во намалување на чешањето може да биде и употребата на босилек. Лист од босилек втријте или ставете го на каснатото место. Ароматичниот лист на босилекот содржи камфор и тимол – компоненти кои ќе го намалуваат чешањето.
 
Крлеж
Уште еден натрапник чиј убод треба да го разбереме малку посериозно. Покрај алергиската реакција и локална непријатност на местото на каснување, крлежот може да биде и преносник на сериозни заразни болести. Она што е важно при каснувања од крлеж е истиот да го извадиме од телото најбрзо што е можно. 
Крлежот не смее да остане на кожата повеќе од 24 часа!
 
 

Вадење на крлежотсо пинцета се фаќа горниот дел, што е можно поблиску до кожата, и полека се извлекува без вртења лево или десно. Притоа местото на убодот не треба да се премачкува со никакви средства.
Крлежот може да го извадите и сами само под услов дека сте сосема сигурни и вешти во тоа.  Нестручното вадење го зголемува ризикот од компликации и скоро секогаш е неуспешно, бидејќи рилката на крлежот останува во кожата. 
Затоа доколку не сте сигурни обратете се во најблиската здравствена установа и тоа што е можно побрзо, односно да не дозволите крлежот да остане во кожата подолго од 24 часа.
 
 
Вообичаено околу местото на каснување се појавува оток и црвенило, но  ова нетреба посебно да ве загрижува бидејќи е последица на иритираност на кожата а не на некаква зараза. Сепак иако е ретко се препорачува неколку дена зголемено внимание и следење на евентуални дополнителни реакции. Во случај на појава на болки на зглобовите, мускулите, осип на кожата, главоболка, мачнина и повраќање, неопходна е посета на лекар. 
 
Без парфеми и со соодветна облека
Превенцијата е секогаш најдобар лек. Во случајот на заштита од каснувања од инсекти ова незначи дека не треба да се движиме во критичните места или пак да одиме забарикадирани со заштитна облека. Препорачливо е да носите лесна облека сепак со долги ракави и ногавици и важно е директно да не навлегуваме во територијата на инсектите ( гнезда на оси, пчели и сл)

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.