Сподели со пријателите

ПИЛАТЕС


 
Во пилатесот секоја вежба мора да биде природна, како и сите останати активности на човекот во секојдневниот живот.
 
Зошто пилатес?

Целта на пилатесот е да се координираат умот, телото и духот. Пилатесот ги подобрува флексибилноста и движењето на телото преку истакнување на правилното дишење и практикување на мирни и урамнотежени вежби. Акцентотне се става на квантитетот,туку на квалитетотво повторувањето на вежбите. На тој начин,се формираат мускули во кои е сконцентрирана сила,а не маса. Во тоа е и клучната разлика помеѓу пилатесот и другите техники за градење мускулна маса.
Пилатес вежбите го релаксираат човековиот ум, го намалуваат стресот и влијаат во нормализација на крвниот притисок. По еден пилатес тренинг се чувствувате одморени, релаксирани и вашето тело не е преморено, туку  подготвено да продолжи со преостанатите обврски.
 
Без оглед на мнозинство различни пристапи и стотина варијации на поединечни вежби, пилатесот е единствен во тоа што може да се вежба насекаде каде што може да се постави простиркаили подлога за вежбање. Со текот на времето,овиевежбипочнале да се комбинираат исо вклучување реквизити.Вежбитесе изведуваат и со тегови,пилатес топки, растегливи ленти, мали топчиња, еластични траки, хулахопи сл.
 
Кому се препорачува?

Пилатес методот е неагресивен и неговата примарна цел е да го обликува телото, да воспостави правилно држење на телото и нèучи на правилно дишење и опуштање.

Наменет е за сите возрасти без оглед на степенот на телесна подготовка (деца, трудници, рекреативци, спортисти, повозрасни лица).
Сепак, ако постои какво било оштетување или деформација на ‘рбетот, пред да се започне со вежби, потребен е совет од лекар, кој ќе процени дали воопшто може да се применува пилатесот или да посочи кои вежби се дозволени.
 

Што е потребно за да започнете со пилатес?

За почеток, доволна е само ЖЕЛБА. Можете да почнете во кое било пилатес студио или, пак, да вежбате во својот дом со користење видео водичи со пилатес вежби. 

Предности на пилатесот: 
1. Подобрено држење на телото

Сите вежби што ги извршувате на часовите по пилатес промовираат правилно скелетно усогласување. Освен тоа, тие ги зајакнуваат мускулите кои се одговорни за доброто држење на телото.
Доброто држење на телото што го добивате од пилатесот, ви овозможува да се движите послободно, да дишете полесно и да ги избегнувате здравствените компликации, како што се слаба циркулација на крвта, болки во грбот, болка во вратот и други проблеми со грбот. 

2. Подобра рамнотежа

 
Дополнителна придобивка на пилатесот е тоа што многу од вежбите ја зголемуваат рамнотежата.
Оваа подобрена рамнотежа има многу практични придобивки во вашиот секојдневен живот и ви помага подобро да ги координирате вашите движења, го намалува ризикот од паѓање, ве прави поагилни.

 
 
3. Намален ризик од повреда

Како што споменавме погоре, пилатесoт прави одлична работа за подобрување на вашата положба и зајакнување на мускулите. Исто така, ги зајакнува зглобовите и ја подобрува флексибилноста. Оваа подобрена физичка состојба придонесува за многу помала веројатност да се повредите и за време на вежбањето и генерално.
 
4. Зголемена сила

Пилатесот ги зајакнува сите мускули во вашето тело со помош на комбинација на динамични и статични вежби. Структурата на пилатес вежбите, исто така, гарантира дека сите мускули во вашето тело се насочени и дека ниедна група мускули не се игнорира. Најдобриот дел е тоа што пилатесот развива функционална сила и издржливост што може да се примени во секојдневниот живот.


5. Подобрена стабилност на `рбетот

Еден од шесте принципи на пилатес е центрирање. Овој принцип наведува дека силата треба да се насочи однатре и дека секое движење треба да започне од 'рбетот и да тече кон екстремитетите. Изведувањето на движењата на овој начин ги зајакнува внатрешните мускули во стомакот, долниот дел од грбот и карлицата, обезбедувајќи стабилност на целото тело.


6. Подобрена флексибилност

Како што веќе рековме, пилатес вежбите вклучуваат бројни динамични движења.
Овие движења нежно се протегаат и ги истегнуваат мускулите, а, исто така, го зголемуваат опсегот на движење во зглобовите, што на крајот ја зголемува целокупната флексибилност.
Оваа подобрена флексибилност има голем број поврзани здравствени придобивки, кои вклучуваат намалена болка во мускулите, зголемен проток на крв, намален ризик од повреда и многу повеќе.



7. Подобра крвна слика
Пилатесот ја подобрува крвната слика на три главни начини.

Прво, подобрената положба и флексибилност што доаѓаат со редовно практикување на пилатес ја стимулира циркулацијата.
Второ, намалениот стрес што ќе го искусите како резултат на пилатесот, ќе ви помогне да го намалите крвниот притисок.
Конечно, контролираните техники на дишење кои се дел од пилатесот, осигуруваат дека вашата крв е целосно оксигенирана.

8. Зголемена ментална способност
 
Два од главните принципа на пилатесот се: дишење и концентрација, и овие два принципа помагаат да се развие ментален фокус.
 
Оваа подобрена ментална способност има бројни придобивки кои вклучуваат намалени нивоа на стрес, зголемена среќа и многу повеќе.
 

9. Поголема издржливост
 
Една крајна придобивка на пилатесот е тоа што ја подобрува вашата издржливост. Традиционалниот тренинг за сила, обично, вклучува подигнување големи тежини за кратки временски периоди. Меѓутоа, пилатесот вклучува последователни вежби кои постојано ги растегнуваат вашите мускули и ја градат својата издржливост. Оваа подобрена издржливост има позитивен ефект врз целокупните нивоа на енергија и ви овозможува да вежбате со поголем интензитет.

 
ПИЛАТЕСОТ И ДЕЦАТА

Кога станува збор за припадниците на оваа спортска култура, обично се мисли на возрасните луѓе. Кај децата, пилатесот, поради некоја причина и не е така многу популарен. Но, пилатес вежбите имаат позитивен ефект во развојот на секое дете, и тоа како на неговиот нервен, така и на неговиот мускулно-скелетен систем и во формирањето на неговите внатрешните органи.

Ако се размислува за здрава иднина на младите, посебно треба да се обрне внимание на пилатес вежбите. Пилатес вежбите помагаат во физичкиот развој на детето, неговото држење, ги зајакнуваат зглобовите и лигаментите и имаат корисен ефект врз развојот на мускулниот систем на секое дете во раст. Секое движење во оваа техника се извршува полека, без непотребен стрес, зголемен притисок, така што не постои опасност од истегнувања. Постепено, со текот на вежбањето, се формира „силен“ костур на флексибилни и еластични мускули.

Сите вежби се изведуваат смирено. Децата во текот на вежбите се учат на правилно дишење, а, исто така, се подобрува и нивната концентрација. Сите знаеме дека правилното дишење ја нормализира циркулацијата на крвта, што доведува до постојан доток на телото со кислород, а тоа има позитивно влијание врз менталните способности на едно дете, како и подобрување на неговите општи способности.

Пилатесот влијае на физичкиот, менталниот и психичкиот развој на децата. Со примена на пилатес вежбите кај децата, се подобрува нивната сила, издржливост, нивните перфоманси, флексибилност, се развива способноста за одржување на рамнотежа и координација на движењата. Покрај тоа, секој спорт го подига духот на детето и го прави весело и секогаш отворено за разговор.

Децата треба да се учат дека спортот е игра, како и секоја друга игра.

Анка Гаџоска-Ингилизовска– инструктор и тренер (пилатес, зумба, обичен аеробик, степ аеробик, кик аеробик)
  
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.