Сподели со пријателите

СО ЗДРАВА ИСХРАНА ДО ПОДОБРА ПЛОДНОСТ КАЈ МАЖИТЕ

 Во последните две децении појавата на “неплодни” бракови е многу честа.Ваквата состојба може да биде резултат на неплодност на жената, но сѐ повеке и на мажот.Во овие редови ќе се задржам на проблемите кои ги имаат мажите кои сакаат да станат татковци.

Пред 20-ина години околу 20 % од мажите имаа проблем со плодноста. За жал, денес таа појава е на многу повисоко ниво и тоа двојно повеке, па дури 40 % од мажите имаат проблем да станат родители.
 
Зошто е тоа така? Кои се причините кои го зголемија овој проблем? Дали овој проблем може да се реши? Кој е вистинскиот пат за да се стигне до целта – да станам татко?
Секој маж кој се обидува подолго од една година да стане татко, а притоа резултатот е негативен, треба да направи соодветна анализа на семената течност, односно да го испита квалитетот на спермограмот. Тоа е рутинско испитување со кое ќе се утврди вредност на концентрација, подвижност и морфолошки карактеристики на сперматозоидите, а со тоа да се одреди квалитетот на плодноста. Постојат три категории –добро зачувана плодност (фертилност), смалена плодност(субфертилност) и неодредена плодност(индетерминирана фертилност).Сепак, ниту една ваква анализа не може со сигурност да биде веродостојна за тоа дали мажот е плоден или не.
Јас секогаш ја барам вистината во логиката, а таа ми говори дека неплодноста не мора да е конечна работа. Секогаш, добрите и позитивните промени во начинот на живеење прават чуда. Па така, ако се постави за цел исконската желба – да станам родител, тогаш, бидете подготвени да започнете со промените.

Дали има решение?

Мојата практика како нутриционист покажа дека многу брачни парови со промена на начинот на живеење станаа родители. Почнаа со еден поинаков здрав начин на исхрана и еден поинаков животен стил. Ги намалија или целосно се откажаа од цигарите. Алкохолот се сведе на минимум, брзата храна на нула, заборавија на газирани и на негазирани пијалаци. Воспоставија нормален биоритам на легнување пред полноќ, станување во утринските часови, пешачење, практикување лесни спортски активности и коригирање на телесната тежина. Едноставно, се адаптираа на еден поинаков и природен начин на живеење.

Како?

Се одбегнува храна со многу месо, сирења и масти. Се одбегнува премногу алкохол, цигари итн. Всушност, се одбегнува онаа храна која е причинителот на затнување на  крвните садови кои го снабдуваат машкиот полов орган со крв, што пак, е клучот за добра ерекција и производство на плодни сперматозоиди.
Секојдневен внес на витамин Ц. Ова значително го подобрува квалитетот на спермограмот. Д-р Вилијам Харис – професор на еден медицински факултет во Тексас, на мажите им давал по еден грам витамин Ц секој ден, во период од 60дена, а резултатите од проучувањето биле одлични. Сепак, која доза на витамин Ц ќе помогне за добар квалитет на спермата е индивидуален. Зависно од индивидуата, може да се оди и на многу поголеми дози со витамин Ц на дневно ниво. Секако, и со јадење многу свежо овошје и зеленчук се внесува витамин Ц, но сепак, додатоците во вакви случаи се неопходни.
Покрај зголемена доза на витамин Ц, потребен е и внес на следните елементи како преку храна, така и како додатоци.
 
ЦИНК – потребно е мин. 15 мг на ден, но се оди дури и до 60 мг. Морските плодови како што се школките и раковите, се вистински извори на цинк, но и сите сурови семки од тиква, сончоглед, пченичните никулци и сл.
 
СЕЛЕН – Јадете околу 5 бразилски ореви на ден за да ја задоволите потребата за овој минерал кој е неопходен за зголемување на квалитет на спермограмот. Секако, може да се зема и како додаток, но до 200 мгна ден.
Се препорачува и дополнително земање витамин Е, витамин Б12, фолна киселина, каргинин, Л-карнитин.

Од природни препарати можам да препорачам:

Секое утро да се почне со пиење една супена лажица ленено или рибино масло (омега3), а потоа 5јајца од препелица со цеден сок. Двапати на ден да се пие напивка од какао со додавање на една мала лажичка корен мака во прав.
 
ИСХРАНА– Многу свежо овошје и зеленчук, риба –извор на омега3 – најмалку 3-4 пати неделно, мин. 100г сурови семки од тиква на ден.Движете се повеке, пливајте, легнувајте на време, сакајте се, слушајте убава музика,бидете позитивни и убавите нешта ќе си дојдат.



За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.