Сподели со пријателите

Лимoн

Лимонот е една од најкорисните намирници на нашата планета.

Спаѓа во групата на цитрусните овошни плодови, во којашто спаѓаат и портокалот,мандарината, грејпфрутот и др. Тој е евтин, лесно достапен и повеќенаменски. Особено е корисен кога е во прашање нашето здравје. Во својот состав содржи не само витамин Ц, туку и други витамини (витамин Б, рибофлавин) и минерали како калиум, калциум, фосфор, магнезиум.
Лимонот уште од древноста се користи поради нековата моќ да лекува. Се препорачува и поволно делува на работата на црниот дроб, на дигестивниот, имуниот, нервниот и на кардиоваскуларниот систем.

Со редовна употреба, лимонот е сигурна превенција од заболувања како ларингитис, бронхитис, грип, настинки, бактериски инфекции, бубрежни и жолчни камчиња, па дури и од некои малигни заболувања. Постојат многу начини да ја ставите оваа храна во вашето секојдневно мени.

Сепак, наједноставен начин е да пиете 1-2 чаши млака вода секој ден. Многу е едноставно да се подготви лимонова вода. Сè што треба да направите е да ги измешате пулпата и сокот од половина лимон во топла вода и да ја испиете. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.