Сподели со пријателите

Спанаќ

Зелен лиснат зеленчук кој често се споменува како еден од основните видови зеленчуци од категоријата на здрава исхрана.

Преполн е со хранливи материи, антиоксиданти и антиканцерогени состојки. Има кревки, крцкави, темнозелени листови, кои се омилена состојка на готвачите низ целиот свет. Спанаќот изобилува со голем број хранливи фитоматерии, што го одржуваат доброто здравје и спречуваат развој на болести.

Има многу ниска калорична вредност, а е богат со завидно количество растворливи растителни влакна. Во 100 г спанаќ се содржат околу 25% од дневните потреби од железо, што е меѓу најбогатите од зелените лиснати зеленчуци.

Свежите листови се богат извор на неколку витални антиоксидантски витамини, како што се: витамин А, витамин Ц, и флавоноидни полифенолни антиоксиданти, како што се: лутеин, зеаксантин и бета-каротин. Заедно, овие состојки служат како заштита од слободните радикали кои настануваат како последица на интеракцијата со кислородот, што, пак, игра огромна улога во развојот на болести и во процесот на стареење. Спанаќот, во свежа форма, најчесто е достапен во зимските месеци. Во продавниците купувајте свежи, крцкави листови што имаат темнозелена боја. Избегнувајте ги листовите што се избледени и пропаднати или, пак, што имаат жолти точки.

 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.