Сподели со пријателите

Зелена салата

Првата асоцијација, кога е во прашање салата, е зелената салата или позната уште како марула.


На луѓето им е позната уште векови пред новата ера, а до ден денес е редовен придружник речиси на секоја трпеза.
Се вклопува речиси со секое јадење, може да е дел од секоја салата, а неретко е специјалитет сама по себе.
Редовен придружник е и на чашка добра ракија. Зелената салата има ниска енергетска вредност, содржи доста вода,
а и значаен извор е на фолна киселина и антиоксиданти. Исто така,содржи витамини од Б групата (Б1, Б2, Б6…),
содржи доста влакна, малку протеини и масти, содржи ензими и значаен хлорофил.
Значаен е фактот дека зелената салата е богата со витамини Ц и К кои помагаат во спречување на стареење на клетките. Претставува вистинска мала зелена аптека со големи здравствени ефекти. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.