Сподели со пријателите

СПАНАЌ дневна доза здравје

Долга е листата на здравствени придобивки на овој исклучителен зеленчук.
Во прилог на ова одат и многуте проблеми решени од познатиот цртан јунак
Попај морнарот, кој сите своиневолји ги решаваше ни помалку ни повеќе, туку со само една порција спанаќ.


Тајната на ПОПАЈ?
Спанаќот, на латински Spinacia oleracea е едногодишно растение кое се претпоставува дека потекнува од Блискиот Исток, каде расте како самонико растение. Иако може да се купи во текот на целата година, неговата сезона трае од март до мај и од септември  до октомври, кога е најсвеж и е највкусен.
Овој зеленчук со својата деликатна текстура и изразита зелена боја обезбедуваповеќе хранливи материи од којабило друга храна. Како вистинска ризница на нутриенти нуди идеален сооднос на хранливи материи во однос на својата калориска вредност.
Во неговиот богат состав можеме да најдеме минерални соли како што се: натриум, калиум, калциум, фосфор, магнезиум, цинк, јод, бакар, витамини од кои најзастапени се витамин Ц, Б1, Б2, Б6, витамин Е, витамин К, фолна кислелина и витамин А. Освен тоа, содржи и хлорофил, аминокислеини како што се аргинин и лизин, но и липиди, протеини и диететски влакна потребни за одржување на здравјето. Покрај ова,  спанаќот е одличен извор на железо.
Неколку причини повеќе спанаќот да биде дел од Вашата секојдневна исхрана:

1.     Делува антиоксидативно и антивоспалително

Спанаќот е богат со флавоноиди и каротеноиди кои делуваат антивоспалително и антиоксидативно.  Тој е одличен извор на нутриенти како витамин Ц и Е, бета-каротен, манган, цинк и селен, кои го штитат организмот од болести поврзани со антиоксидативен стрес.

2.     Го намалува крвниот притисок

Спанаќот е богат со калиум, а сиромашен со натриум. Односот на количините на овие минерали е значаен за крвниот притисок, бидејќи калиумот го намалува, а натриумот го зголемува. Фолната кислеина, којашто ја содржи спанаќот, помага во регулирање на хипертензијата и опуштање на крвните садови, со што овозможува одржување на правилен проток на крвта.

3.     Го штити видот

Спанаќот е богат со лутеин, кој е присутен во голем дел од очниот пигмент. Како изразит антиоксидант има јако заштитно дејство на макулата. Затоа вклучувањето на спанаќот во нашата секојдневна исхрана може да биде од огромна корист за заштита на видот. Спанаќот, исто така, е многу богат со витамин А, па така е корисен и за луѓе со слаб вид. Пиењето сок од спанаќ двапати дневно може да помогне во подобрување на видот.

4.     Го зајакнува имунитетот

Една чаша спанаќ го задоволува препорачаниот дневен внес на витамин А, кој не само  што ги зајакнува „слабите точки“ на имунитетот, дишните патишта и уринарниот тракт, туку е и значајна компонента на белите крвни клетки кои се борат против инфекциите.

5.     За здрава и млада кожа

Витаминот Б кој е присутен во спанаќот помага во одржување на цвртината на кожата. Спанаќот, исто така, ја штити кожата и од штетните сончеви зраци, вклучувајќи ги и УВ зраците. Со тоа спанаќот го намалува ризикот од рак на кожа и ни овозможува да имаме здрава кожа.
Спанаќот ја штити кожата од стареење и ѝдава младешки изглед.
 
6.     Ги штити коските

Една чаша зготвен спанаќ содржи повеќе од 200% од препорачаниот дневен внес на витамин К. Витамин К помага во спречување на разградување на коските. Бидејќи е богат  извор на калциум, се препорачува и кај луѓе со остеопороза. Други минерали како што се манган, бакар, магнезиум, цинк и фосфор кои се присутни помагаат во градењето на цврсти коски.

7.     Против анемија

Како инзвонреден извор на железо, спанаќот е една од намирниците од прв избор кога е во прашање превенција и помош во лекување на анемии првенствено кај деца, адолесценти и бремени жени.

8.     Дијабетес

Магнезиумот, кој е присутен во спанаќот, помага во превенција на компликациите кои го придружуваат дијабетесот. Редовно внесување на спанаќ ги стабилизира нивоата на шеќер во крвта и спречува нагли промени на концентрациите на шеќерот во крвта.


9.   За добра дигестија и вита линија

Една чаша спанаќ содржи 20% диететски влакна кои ја помагаат дигестијата на храната, спречуваат опстипација и дава чувство на ситост

10.  Во борба против ракот

Истражувањата покажуваат дека го намалува ризикот од рак за 34%. Витамините А и Ц, диетестските влакна, фолната киселина, магнезиумот и 13-те различни видови флавоноиди помагаат во борбата против рак, особено против рак на дебелото црево, белите дробови и рак на дојката. Докажано е дека исклучително е значаен во спречување на рак на простатата.






Кулинарски совети

Како природен извор на здравје и убавина во кулинарството е неизоставен, и се користат само млади и меки листови со кратки рачки. Долгите рачки се знак дека растението е старо.  Пред употреба секој лист треба добро да се измие со ладна вода. Спанаќот не треба да се остави да стои потопен во вода!  Најдобро е да се готви на пареа или сосема кратко да се бланшира. По бланширање, најдобро е листовите да се прелијат со ладна вода, бидејќи на овој начин ќе ја зачува темнозелената боја, а и количината на нитрати ќе падне за 70%.
Младите и сирови листови свежи може да се употребат за салата. Рачките треба да се отстранат, бидејќи содржат оксална киселина. Консумиран свеж добро е да е  зачинет со маслиново масло и лимонов сок или да се комбинира со кисело млеко/јогурт (на овој начин присутните оксалати се врзуваат за млечната киселина  и се исфрлаат од организмот).
Кога готвите спанаќ, се препорачува водата во која се варел да се расипе, бидејќи е заситена со нитрати.
Секогаш гответе онолку колку што може да се изеде во текот на денот. Остатокот треба да се изеде незагреан или да се фрли, бидејќи еднаш термички обработениот зеленчук не е препорачливо повторно да се загрева (при повторно загревање се создаваат нитрати кои под дејство на бактериите во дебелото црево се претвораат во нитрозамини, кои пак делуваат канцерогено).

Лица кои имаат проблеми со функцијата на бубрезите треба да избегнуваат употреба на спанаќ заради содржината на оксалати кои кај овие лица може да предизвикаат здравствени тегоби. На лица со нарушена функција на штитната жлезда, исто така, не им се препорачува, бидејки содржи состојки кои можат  да влијаат врз нејзината работа.
 
 
 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.