Сподели со пријателите

Морков

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук инзвонредно богат многу корисни и лековити состојки.


Морковот има изразено антимикробно (антибиотско) дејство. Во исхраната се користи во текот на целата година. Содржи голема палета на хранливи и лековити состојки меѓу кои како позначајни се:бета-каротин, растителни влакна, витамин Ц,витамин А, витамин Б, витамин Д, железо, калциум, каротеноиди , цинк, терични масла и др. Морковот во исхраната се користи свеж (како салата), варен или обарен (како додаток во супи, во чорби, во јадења без месо или со месо). Се користи и како зачин. Тој се користи и во зима, бидејќи лесно се чува (во фрижидер, во замрзнувач, во подрум). Многу е здрав свежиот сок од морков, било да се консумира сам или со друг сок. Сокот од морков се користи и за облоги во третманот на некои кожни болести.
Морковот во себе содржи многу витамини и минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот,
односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.