Сподели со пријателите

КАРАНФИЛЧЕ и зачин и лек

Каранфилчето (Eugenia caryophylatta Thunb.) претставува исушена цветна пупка од тропско дрво, кое повеќе од 2000 години се употребува како зачин и како лек. 
Растението расте високо и до 20 метри, со крупни, издолжени листови и со бели цветови. Цветовите се собираат кога чашката е обоена црвено и се сушат на сонце покриени со листови од растението, при што ја добиваат таа карактеристична црвено-кафеава боја. Мирисот на каранфилчето е јак, специфичен и пријатен, додека вкусот е ароматичен и лут.
 
Во кулинарството
Поради својата карактеристична арома, каранфилчето наоѓа широка примена во кулинарството како зачин. Се употребува при подготовка на многу колачи, јадења и напивки. Најмногу се поврзува со вареното вино, кое речиси не може да се замисли без каранфилче.
 
Состав и дејство
Каранфилчето е богато со етерично масло (15-20%), со еугенол, флавоноиди, танини, фенолни киселини, масно масло и други компоненти. Поради ваквиот состав, на каранфилчето му се препишуваат следните особини: антивоспалително, аналгетско, антиоксидантски, антикоагулационо и локално аналгетско дејство.
Најчесто се употребува за олеснување на стомачните тегоби, за гасови, за дијареја и за повраќање. Го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот и ја подобрува функцијата на црниот дроб, а го подобрува и апетитот.
Многу честа и значајна е неговата употреба при воспаленија на усната празнина и гингивата, токму поради неговото аналгетско, антисептично и анестетичко дејство.
 
За дентално и орално здравје

Антибакетриското и антивирусното дејство се препишуваат на присуството на еугенолот, кој се употребува во стоматологијата и делува смирувачки на забоболката. Со масло од каранфилчето се масира вилицата и за 10-15 минути болката треба да престане. Исто така, на болното место може да се стави памук натопен во масло од каранфилче и така да се држи неколку секунди, а забоболката може да исчезне за многу кратко време.
Покрај ова, се употребува и како освежувач на здивот доколку се грицка или како средство за гаргара со неколку капки масло од каранфилче додадени во вода. Вака употребено, освен за освежување на здивот, спречува развој на бактерии во усната шуплина и е одлично за одржување на севкупна орална и дентална хигиена и здравје.
 
Природен афродизијак
Поради благородното дејство на циркулацијата, чајот од каранфилче се употребува како природен афродизијак. Во 2 дл вода се потопуваат 4 каранфилчиња, поклопени се оставаат да отстојат 15 минути, се процедува и се додава цимет. Се пие свежо подготвен.
 


За регулирање на шеќерот во крвта

Каранфилчето може да се употребува и за регулирање на шеќерот во крвта и за слабеење во комбинација со цимет: Цимет (2 стапчиња) и каранфилчето (30 г) се ставаат во 5 л вода и се оставаат така да отстојат 4-5 дена во фрижидер. Напивката се консумира наутро или навечер на празен стомак, а дозирањето е 100 мл. Откако ќе се испијат 3 дози од напивката, се прави пауза од 15 дена. 
 
Каранфилчето, исто така, го јакне и имунитетот, а има и широка примена во производството на парфеми, сапуни, пасти за заби. 
 
Маслото од каранфилче може да го подготвиме и сами
Во тегла се става ¼ цели каранфилчиња и се прелива  со 1 шолја маслиново масло, се остава да отстои 24 часа на собна температура и потоа се процедува. Маслото кое се добива, се чува затворено во тегла и во фрижидер.
 
Бидете внимателни:

Честата употреба на каранфилчето може да предизвика оштетувања и иритација на непцата. Еугенолот го забавува згрутчувањето на крвта, па поради тоа, доколку се употребува во комбинација со антикоагуланси, се зголемуваат шансите за појава на модринки и крвавења.
 
Иако кај нас е најпознат како зачин, каранфилчето има и изразени лековити својства. Покрај силното антимикробно дејство,каранфилчето поседува и антисептично дејство, со што помага при забоболка и при воспаленијана непцето. Се користи и за подобрување на работата на желудникот и за олеснување на дигестивнитепроблеми, како гасови, мачнина, повраќање и дијареја.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.