Сподели со пријателите

НЕВЕН - Билка која никогаш не венее

Невенот е карактеристична медитеранска билка со изразени златножолти или портокалови цветови. Цвета од пролет до есен,а во приморските региони ипреку цела година. Расте по ливади и диви места, а поради специфичниот мирис често се култивира и во градините


 

Лековити својства

Невенот е една од најупотребуваните билки, како во фитотерапијата, така и во народната медицина.
Благодарение на неговиот сложен хемиски состав (тритерпенски сапонини, тритерпенски алкохоли, флавоноиди, кумарини, каротенoиди итн.),невенот се користи за превенција и за лекување на широк спектар на болести.Примарно, во тераписки цели се користат цветовите од невен кои одамна се познати како лековити.

Третман на кожа

Поради своето антивоспалителнои антисептично дејство,невенот надворешно се користи за третман на полесни воспаленија на кожа, исеченици, повреди, рани, изгореници, осипиод пелени кај бебиња, модринки и рани кои тешко заздравуваат.
Има изразено антиоксидантско дејство, па се користи во кремови против стареење и лосиони за сува, чувствителна и оштетена кожа. Ги штити клетките од стареење и деградација.
За невенот, со право може да се каже дека е мевлем за кожата бидејќи речиси и да нема кожно заболување каде што не наоѓа своја примена. Во разни форми се употребува кај: брадавици, егземи, псоријаза, чиреви, себореја, херпес зостер, фистули, маститис, рани што гнојат или тешко зараснуваат.
Поради содржината на каротеноидите, невенот е идеален за употреба во летниот период бидејќи ја штити кожата од изгореници и алергии од сонце, а штити и од појава на некоивидови рак на кожа.

Хемороиди, проблеми со системот за варење, третман на чиреви

Невенот е ефикасен и во третманот на хемороиди и тоа се должи на аналгетското, антисептично и против воспалително дејство.
Традиционалната употреба предвидува орална употреба на невенот за намалување на тегобите предизвикани од лошо варење, желудочни и дуоденални чиреви, тегоби со жолчката. Воедно, ги смирува грчевите на цревата, желудникот, мазните мускули, го олеснува лачењето на жолчката. Поволно делува на функцијата на црниот дроб и со своето дејство е благо пријатен за слузокожата на овие органи.
Тој е познат детоксикатор и се користи во разни комбинации со други чаеви за прочистување на крвта.

Го урамнотежува менструалниот циклус

Невенот е добар природен антиспазмолитик. Неговата употреба ги олеснува симптомите на болните менструации и помага во урамнотежување на месечниот циклус. Пиењето чај од невен може да помогне во отстранување на грчевите во ПМС и болните грчеви при менструација.

Антигабично дејство

Невенот се покажал како ефикасно средство против габички, посебно кандида и атлетско стапало.

Го подобрува оралното здравје

Цветот од невен е одобрен за употреба за лекување на рани што зараснуваат бавно, за плакнење на устатаи грлото, како и затретман на афти.
Сè почеста примена последните години наоѓа во пастите за заби и средствата за промивање на уста поради неговото антибактериско и антимикробно дејство. Воедно,помага и во намалување на воспалението на непцата, гингивитис, забен камен итн.

Антиканцер активност

Поновите испитувања покажуваат и определен капацитет за антиканцер активност која се должи на присуството на ликопен во неговиот состав.

Мерки за претпазливост!

Бремените жени не треба да користат препарати од невен за орална употреба. Безбеден е за надворешна употреба и посебно значаен по породувањето каде што во форма на маст или крем може да се користи за побрзо заздравување на раните од процесот на породување, како и за суви, испукани брадавици при доење.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.