Сподели со пријателите

ШЕЌЕР

Го консумираме секојдневно и речиси е неизоставен дел од нашата исхрана.

 


Од друга страна важи и за непријател на нашето здравје, бидејќи правилото за разумен и балансиран внес често е исклучок кога е во прашање ова слатко задоволство. Станува збор за шеќерот за кој сè повеќе научни студии укажуваат на неговата штетност токму заради неговиот неконтролиран внес во сите негови форми. Оттука сè почесто оваа намирница го носи и епитетот тивок убиец. 


За сладок живот не ви е потребно повеќе шеќер. Само многу здрави одлуки. Со нив почнете уште денес. 



Што е оптимално? 

 

Дневното внесување шеќер не треба да надминува 5 % од вкупната дневна енергија која ја добиваме преку храната. За жени, ова изнесува околу 25 грама шеќер, а за мажи околу 35 грама.
За жал, прехранбените навики на мо- дерниот човек водат до состојба во која дневно се внесува и до 10 пати повеќе шеќер од потребното. Ова е оптоварување со кое организмот тешко се справува. 





 

Кои се штетите? 
 

Докажано е дека прекумерните количини на шеќер делуваат штетно врз организмот и неговата функционалност. Доспеан во организмот започнува неговата мисија за создавање на хаос. Во цревата се задржува многу кратко и брзо преоѓа во крвта, и во тој момент нивото на шеќер се качува нагло. Ова создава нереален впечаток за вишок на енергија и повлекување на заморот. Но само привремено. Повратниот шок настанува многу брзо. Заморот станува уште поголем а можна е појава и на вртоглавица доколку внесените количини на шеќер биле поголеми. Телото нема да остане неказнето заради ваквата вештачка стимулација.
Секојдневните, поголеми количини од овој сладок „отров“ можат да бидат штетни по здравјето, а поради него го- дишно умираат повеќе милиони луѓе ширум светот. 

 

Шеќерот го менува целиот метаболизам. Извор е на „празни калории” (не содржи минерали и витамини, но е богат со калории), го поттикнува дебелеењето, предизвикува кариес и е еден од факторите за појава на дијабетес тип 2. 

 

Шеќерот може да поттикне развој на астма, промени во расположението, да го забрза развојот на срцеви заболувања и висок крвен притисок и да го намали капацитетот на имунолошкиот одговор. Контунирана прекумерна употреба на шеќер го закиселува организмот и создава основа за почест развој на инфекции. Консумирање на високи количини на шеќер, исто така, создава можност на високи концентрации на нивото на триглицериди. Карцином! Докажано е дека канцерогените клетки се хранат и го „обожаваат” шеќерот. Намалувањето на внес на шеќер поволно влијае на здравствената состојба кај лицата со дијагностициран карцином. На овој начин канцерогените клетки се лишуваат од потребното гориво, се продолжува животниот век на здравите клетки и, секако, се подобрува имунолошкиот капацитет. 

 

Таму и каде најмалку го очекувате


Контролата на количеството шеќер не е воопшто лесна работа. Постојат производи со големи количества на т.н. скриени шеќери кои не се наведени во самата декларација. Поради ова, секогаш имајте предвид дека производите кои ги купувате може да имаат и дополнителни количества шеќер. 

Покрај во чиста форма, шеќерот го има речиси во секоја храна. Дури и онаму каде најмалку го очекувате. И храната декларирана како здрава храна може да содржи високи концентрации на рафиниран шеќер. Бидете внимателни и секогаш проверете ја декларацијата на производот. И намирници како јогурт, тестенини, супи, алкохолни пијалаци, па и кашички за деца, можат да бидат збогатени со шеќер. Без разлика дали е во чиста форма, бел, кафеав, или во форма на коцки, шеќерот на крај, сепак, е само шеќер. 

 

 

 

Во промет, може да се сретнево повеќе облици меѓу кои позначајни се:


Рафиниран шеќер – со кристална форма и бела боја. 

Кафеав шеќер – браон боја поради содржина на карамелизиран сируп. Од белиот шеќер се разликува по незначителното присуство на минерали и витамини. По енергетската вредност, не се разликува од белиот. 

Шеќер во прав – фино мелен рафиниран шеќер. 

Кандиран шеќер – шеќерни кристали со различна големина и боја. 


Зависност од шеќер? 

 

Шеќерот и слатките намирници може да создадат зависност слична на онаа од алкохолот и цигарите. Тие што јадат производи со многу шеќер секогаш се чувствуваат гладно, дури и кога не се гладни. Речиси е подеднакво тешко да се ослободите од потребата за слатки, како и од потребата за цигари. Шеќерот влијае на апетитот создавајќи ненаситна желба да продолжиме со јадењето. Кај количинското прејадување, со јадењето ќе престанете кога стомакот ќе биде полн. Кога станува збор за шеќерот, луѓето ќе продолжат да јадат сè додека не почувствуваат болка или не им стане лошо. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.