Сподели со пријателите

Витамин Ц - Aлфа и омега во витаминската азбука

 

Витаминот Ц, познат и како аскорбинска киселина, е еден од најценетите и најчесто употребувани витамини. Можеби првата асоцијација поврзана со овој витамин е неговото познато дејство при настинка и грип, но неговата важност и опсегот на употреба се далеку поголеми. Неговите дејства се многукратни и има многу важна улога во многу процеси и функции во организмот.

 

Витаминот Ц е растворлив во вода и е најмоќниот антиоксидант од оваа категорија на витамини. Витаминот Ц е првиот витамин кој е произведен во синтетска форма, а за првпат бил изолиран  во 1928 година. Организмот не е во состојба сам да произведе витамин Ц, па затоа од голема важност е негово секојдневно внесување преку храната. 

 

Придобивки од витамин Ц

Витаминот Ц помага да се поправат и да се регенерираат ткивата, да се заштити организмот од срцеви заболувања, помага при апсорпција на железо, спречува појава на скорбут, ги намалува вкупниот холестерол и триглицеридите. Истражувањата покажуваат дека витаминот Ц, како многу значаен антиоксидант, може да помогне во заштитата од различни видови рак и во борбата против слободните радикали. Витаминот Ц го зајакнува имунолошкиот систем, со тоа нè прави поотпорни во борбата со вирусите и настинките. 

 

Најважни функции на витаминот Ц:

 

  • го зајакнува имунолошкиот систем
  • го чува здравјето на срцето и на крвните садови
  • помага во заздравување рани
  • го чисти организмот
  • го одржува здравјето на коските и на забите
  • ублажува стрес
  • добар е во борба против инфекции
  • ја потпомага ресорпцијата на железо
  • добар е за очите и видот
  • ја регулира работата на хормоните

 

Извори на витамин Ц

Многу видови овошје и зеленчук, се богати со витамин Ц. Витаминот Ц може да се најде во природна форма и во многу билки и зелјести растенија. Како позначајни извори на витаминот Ц се:



 

Начинот на подготовка на храната или начинот на чување на подолг временски период може го намали количеството на витамин Ц. Витаминот Ц не е многу издржлив ниту на висока, ниту на ниска температура. Овошните плодови и зеленчуците готвени 10-20 минути губат половина од витаминот Ц којшто го содржат. Готвењето на пареа може да ги намали загубите на витамин Ц во храната. Изложеноста на светлина може да ја намали содржината на витамин Ц, затоа кога купувате сокови секогаш избирајте картонска амбалажа, а не стаклени или пластични шишиња. 

 

Колку витамин Ц ми е потребно?



Дневните потреби за витамин Ц варираат и се различни, за различни возрасни категории и при различни состојби и животни стилови и навики. Па, така:

  •     мажи – 90 мг дневно
  •     жени – 75 мг дневно
  •     бремени жени – 85 мг дневно 
  •     жени кои дојат – 120 мг дневно
  •     пушачите може да имаат корист од повисоки дози – 250 мг витамин Ц секој ден
  •     доенчиња 0-6 месеци – 40 мг дневно
  •     доенчиња 7-12 месеци – 50 мг дневно
  •     за тинејџери и деца: 
  •     мали деца 1-3 години – 15 мг дневно
  •     деца 4-8 години – 25 мг дневно
  •     деца 9-13 години – 45 мг дневно
  •     машки тинејџери 14-18 години – 75 мг дневно
  •     женски тинејџери 14-18 години – 65 мг дневно

 

Витаминот Ц не се задржува во нашето тело, така што секојдневно треба да биде присутен во вашата исхрана.

 

Кога се потребни поголеми количества витамин Ц:

Ако сте пушач. Докажано е дека секоја испушена цигара води до загуба на 10-30 мг витамин Ц.

Ако редовно консумирате алкохол. Честото консумирање алкохол води до загуба, како на витамин Ц, така и на многу други витамини.

Ако сте под емоционален стрес.

При активно спортување. Ако се занимавате со бодибилдинг, фитнес, бокс, лесна атлетика или со друг спорт во кој се вложува голем напор, на вашето тело му е потребно дополнително количество витамин Ц.

Ако се храните со препечена или со многу варена храна. Витаминот Ц губи од својата вредност кога е изложен на висока температура.

Во текот на бременоста. Во текот на бременоста, потребно е да се внесуваат повеќе витамини, отколку во другите периоди од животот на жената. Витаминот Ц не е исклучок.

 

Симптоми кои се појавуваат при недостиг на витамин Ц
Симптомите на недостаток вклучуваат замор, слаб имунитет и склоност кон настинки и вируси, крвавење на непцата , болки во нозете и во зглобовите, мускулна слабост, појава на дамки по кожата, анемија. 

Продолжениот недостаток може да предизвика скорбут – ретка, но потенцијално тешка болест.


Премногу витамин Ц

Кога е внесен во нашиот организам од извори на храна или од додатоци во препорачаните дози, витаминот Ц обично се смета за безбеден. Несакани ефекти ретко се појавуваат, но доколку се појават, вклучуваат диареја, гадење, абдоминални грчеви, надуеност и други гастроинтестинални симптоми. 

 

За повеќето здрави лица, потребни се околу 200-250 мг витамин Ц на ден, а секој вишок се губи преку урина. За време на болест, заздравување од повреда или во услови на зголемен оксидативен стрес (вклучувајќи и пушење), ни се потребни поголеми количества. Високи дози на витамин Ц (поголеми од 2.000 мг/ден) може да придонесат за формирање на бубрежни камења, како и да предизвикаат тешка дијареја, гадење и гастритис.

 
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.