Сподели со пријателите

Витамин Д

Витамин Д или калциферол припаѓа во групата на витамини растворливи во мастии е еден од главните чинители за правилен раст и развој на нашето тело. ВитаминотД се синтетизира во организмот во присуство на сончевата светлина и е од особена важност за правилна апсорпција на кациум и фосфор.

Постојат две форми на витаминот 
- Д2 ергокалциферол
- Д3 холекалциферол
 
Зошто ни е потребен
Покрај важната улога за правилен раст и развој на здрави коски и заби витаминот Д учествува во многу други клеточни и невролошки функции во организмот. Превенира состојби на метаболички нарушувања, и е важен за  одржубање на здрав и силен имунолошки систем. 
 
Покрај ова Витаминот Д помага во превенција и лекување на повеќе здравствени состојби:

-  Превенција на остеопороза
-  Остеомалација
-  Рахитис
-  Кожни болести ( псоријаза, витилиго )
-  Рак на дојка, простата и дебело црево
-  Мултиплекс склероза
-  Алцхајмер 
-  Зголемен крвен притисок
-  Алергиски реакции
-  Настинки
 
Извор на Витамин Д

Примарен извор на витамин Д е сончева светлина. Во летниот период потребни ни се само 10 тина минути  изложеност на сонце за да се задоволат дневните потреби. Зимно време периодот на изложеност е подолг, околку 2 часа. Се препорачува да се изложува лицето, рацете нозете или грбот и тоа без користење на креми со заштитен фактор. 
 
Покрај ова храната исто така е важен извор за овој витамин особено во зимскиот период кога изложеноста на сонце е помала. 
Најдобар извор преку храна на витамин Д се:

  • Јајца(околу 50ИЕ во едно јајце со средна големина)
  • Путер(56 ИЕ во 100г)
  • Млеко(околу 100ИЕ во една шолја)
  • Харинга, лосос, сардина и пастрмка(200-500ИЕ во 100 грама)
  • Рибино масло(450ИЕ) во една лажица
  • Шампињони(20 ИЕ во 100г.)
 
Дневни потребни количини 
Кога станува збор за соодветен дневен внес на витамин Д препораките се разликуваат во зависност од возрасното доба. Бидејќи е неопходен за нормален раст и развој на децата препораките се 400 ИЕ ( односно 10µg, 1 µg=40 ИЕ) кај деца до шест години,а потоа  200 ИЕ како најмала доза која би спречила дефицит.  Потребите повторно се зголемуваат на 400 ИЕ кај возрасни лица меѓу  50и  70година од животот а кај постарите од 70 и до 600ИЕ на ден.
Кај бремени жени и доилки соодветниот внес изнесува 600ИЕ
 
Најголем дел од експертите сметаат дека дневното внесување на вкупно 25-50µg витамин Д, од различни извори (сонце, исхрана, додатоци во исхраната) е идеално за зачувување на добро здравје.
 
Недостаток на витамин Д  
Недостаток може да се јави поради неправилна исхрана или недоволно изложување на сонце. Ова најчесто предизвикува појава на рахитис кај децата, остеомалација (омекнување на коските) и  остеопороза (намалување на густината на коските) кај возрасните. 
Доволно изложување на сонце во летниот период како и соодветен внес преку исхраната се сосема доволнида се обезбеди  организмот со витамин Д. 
Кај вегани или сите оние кои не внесуваат доволно млечни производи со исхраната можно е да се јави недостаток од витамин Д .
Кај доенчиња доколку соодветно не внесуваат витамин Д преку млекото или преку сончевата светлина можно е да се јави дефицит.
Пациенти кои примаат терапија за артритис, алергии, астма, автоимуни состојби, висок холестерол и епилепсија, имаа зголемена потреба од внес на витамин Д. Исто така пациенти кои имале хирушки зафат, поголеми телесни повреди или изгореници, зголемен стрес и хронични болести имаат потреба од внес на поголеми дози. 
 
Алкохолот негативно влијае врз апсорпцијата и складирање на витамин Д во организмот. 
 
Претпазливост

Предолго изложување на сончеви зраци нема позитивно да влијае врз организмот при синтеза на витамин Д. 
Зголемени количини на овој витамин во организмот ќе предизвикаат појава на зголемен крвен притисок, главоболка, замор, намален  апетит, вкус на метал во устата, повраќање, болки во стомак, мускулите и коските, 
При многу високи количества се јавува јадеж, болки во бубрезите, жед, почесто мокрење. 
Предозирање за време на бременоста може да предизвика оштетување на плодот. Затоа е потребно внимателно дозирањена препарати  на витамин Д во нашиот организам.  Нивната употреба треба секогаш да е во консултација со лекар или фармацевт. 
 
Недостаток или недоволна искористеност на витаминод Д, кај децата може да предизвика рахитис, односно ослабнување и омекнување на коските

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.