Потребни состојки: 
500 г телешки шницли сечкани на тенки ленти
сол и црн пипер
¼ шолја соја сос
½ кафена лажица чили
2 кафени лажици шеќер
2 супени лажици свежо цеден сок од зелен лимон
2 супени лажици маслиново масло
2 чешниња ситно сечкан лук
5-6 ситно сечкани млади кромитчиња
300 г сечкани свежи печурки
200г зелена боранија
150 г варена пченка 
1 ситно сечкана пиперка ѓ

Подготовка:
Зачинете го месото со сол и црн пипер. Во длабок сад подгответе маринада од соја сос, чили, шеќер и лимонов сок – оставете го месото 10 минути. Во длабока тава, на загреано маслиново масло пропржете го месото од 3 до 5 минути. Извадете го месото настрана, а течноста во тавата згуснете ја. Додадете ги лукот и кромидот во тавата и гответе 1 минута, а потоа додадете ги печурките и пржете уште 2-3 минути. Додадете го зеленчукот – боранијата, пченката и пиперката и гответе додека да омекнат. Вратете го месото и гответе уште 2-3 минути. 
Потребни состојки: 
модар патлиџан
млада тиквичка
домат
урда 
песто сос
путер
чиабата или кој било леб по ваш вкус 
 
Подготовка:
Убаво измијте ги модриот патлиџан и тиквичката, исечкајте ги на кругови (без да ги лупите) и печете ги во тава обложена со хартија за печење. Потпечете ги парчињата леб на тостер. Премачкајте ги со путер, па ставете слој урда, потоа кругови модар домат, млада тиквичка и на крај кругови свеж црвен домат. Прелијте ги состојките со малку песто, па поклопете го сендвичот со парче леб, исто така премачкано со путер. Количеството состојки зависи од тоа колку сендвичи ќе правите. 
Потребни состојки:
1 црвена пиперка
1 помала главица кромид
1 манго
10-15 гранчиња свежо нане
сок од 1 зелен лимон
сол, црн пипер
2 филети свеж лосос 
 
Подготовка:
Насолете ги филетите лосос со крупна сол и ставете ги да се печат во рерна или, уште поубаво, гответе ги на скара. Пиперката, кромидот и мангото исечкајте ги на ситни коцки и ставете ги во длабок сад. Озгора, поросете со ситно сечкани ливчиња свежо нане (или магдонос), сол и прелијте ги состојките со лимоновиот сок – убаво промешајте ги. Ваквиот прилог оди одлично во комбинација со која било риба или пилешко месо. Ако сте во брзање, можете да вклучите и чаден лосос. 
Потребни состојки:
1 марула
50 г сусам
10-15 суви домати од тегла (стоени во зејтин)
3 ротквици
„Балсамико“ крем
 
Подготовка: 
Зад оваа едноставна салата се крие интензивен вкус што ќе ги импресионира гостите. Темелно измијте ја салатата, исцедете ја од вода и исечкајте ја во длабок сад. Сусамот ставете го во тефлонско тавче и пржете го додека да добие златна боја. Штом се олади, сипете го врз марулата. Измијте ги и исечкајте ги ротквиците на тенки месечинки, а сувите домати пресечете ги на половина и додадете ги во марулата. Зачинете со сол, „Балсамико“ крем и сосем малку од зејтинот во којшто стојат доматите. 
Потребни состојки: 
2 јајца
100 г овесни снегулки 
2 супени лажици путер од кикирики
6 урми
1 супена лажица мед
2 супени лажици какао
½ кафена лажица прашок за печиво
4-5 капки екстракт од ванила
100 мл бадемово млеко

Подготовка:
Ставете ги сите наведени состојки во блендер и блендирајте додека да добите смеса како за пандишпан. Доколку смесата е премногу сува и густа, додадете уште 50 мл бадемово млеко.Или  блендирајте ги само урмите и овесните снегулки, па додадете ги во длабок сад со останатите состојки. Со лажица за матење, формирајте ја смесата. Распоредете ја смесата во калап за мафини. Печете 15 минути на 200 степени. 
 Потребни состојки:
2 големи лажици нискомасна и несолена урда
1 јајце
3 капки екстракт од ванила
1 лажица мед
1 лажица полнозрнесто брашно
Состојки озгора:
1 лажица грчки јогурт, мед и замрзнати боровинки

Подготовка: 
Ставете ја урдата во длабока чинија, додадете го јајцето и убаво мешајте да се соединат. Истурете го брашното, ванилата и медот и со жица за матење постигнете компактна смеса. Загрејте тефлонска тава и пржете ги палачинките (околу 2 лажици од смесата за 1 палачинка) околу 3 минути додека дното не порумени. Свртете ја палачинката и пржете ја уште 2 минути. Комбинирајте ги палачинките со нашиот предлог состојки или вклучете нови. 
Потребни состојки:
40 г путер
1 супена лажица путер од кикирики 
3-4 супени лажици мелени бадеми
стевија или мед по вкус
црна чоколада 75 %
малку слатка павлака 

Подготовка: 
Стопете го путерот на пареа и додадете го путерот од кикирики, па додајте ги мелените бадеми и сѐ заедно промешајте за да добиете компактна смеса. Во смесата додајте онолку стевија или мед колку што сакате да е слатко. Смесата натапкајте ја во плех и израмнете ја. Топете ја чоколадата на пареа и ставете малку слатка павлака да се разреди. Прелијте ја глаузрата врз смесата во плехот и ставете jaво ладилник, откако ќе се стегне, исечете ги штанглите.
Потребни состојки:
1 авокадо
1 туна конзерва
2 супени лажици маслиново масло
2 супени лажици лимонов сок
3 млади кромитчиња 
50 г сечкан магдонос
сол и црн пипер

Подготовка:
Пресечете го авокадото на половина, излупете го и исечкајте го на ситни коцки. Исцедете ја туната од маслото во кое стоеше и ставете ја во длабока чинија за салата. Додајте го авокадото и ситно сечканото младо кромитче. Озгора сипете маслиново масло, лимонов сок и зачинете со сол и црн пипер. Мешајте ја салатата со раце, за авокадото да омекне и да ги впие течностите. За побогат вкус можете да додадете варена пченка и маслинки. 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.