Вежбите за мозокот, како и оние за тело, се поефикасни ако ги изведувате редовно. Што точно се очекува од вас? Да дишете, да научите да изразувате благодарност, да впивате позитивни мисли, да се исповедате кога ви е тешко – практики кои во континуитет ќе резултираат со силен и стабилен ум.
За точни инструкции, инсталирајте ја мобилната апликација Happy Not Perfect, која е сработена од страна на стручен тим или,пак,обидете се со некоја сродна, изборот е голем. Дека ова навистина функционира во пракса, тврди невронаучникот д-р Елена Антонова која предава на King’s College. „Колку почесто повторувате одредено однесување, толку е поголема веројатноста тоа да се формира во навика како нова мозочна шема која ќе ја замени претходната“,објаснува таа.
Крајната цел би била да ги замените лошите ментални навики со добри. Вам не ви треба апликација што ќе ве потсети да дишете или да ги цените миговите? Во ред, но имајќи ја во телефонот ќе ви создаде чувство на обврска,исто како платениот тренинг во сала.