Чуствувате ли хроничен замор, недостаток на енергија, болка во зглобовите или мускулите, имате проблеми со концентрацијата, депресивни сте или тешко ви е наутро да се разбудите и да станете од кревет, се чувствувате изнемоштено? Само еден од овие симптоми лесно укажува на закиселеност на организмот

Слободен влез за многу болести ШТО ЗНАЧИ ПОИМОТ КИСЕЛОСТ НА ОРГАНИЗМОТ? Киселост на организмот е pH-ниво во нашето тело кое варира во зависност од она што јадеме, но и од начинот на кој живееме. За одредување на pH-состојбата во организмот се тестираат урината, крвта и плунката. Оптимална pH-вредност наутро за урината и плунката изнесува 6-7, додека за крвта е 7,3-7,4.

Слободен влез за многу болести

ШТО ЗНАЧИ ПОИМОТ КИСЕЛОСТ НА ОРГАНИЗМОТ?
Киселост на организмот е pH-ниво во нашето тело кое варира во зависност од она што јадеме, но и од начинот на кој живееме. За одредување на pH-состојбата во организмот се тестираат урината, крвта и плунката. Оптимална pH-вредност наутро за урината и плунката изнесува 6-7, додека за крвта е 7,3-7,4.

ЗОШТО Е ВАЖНО КОЛКАВА Е PH-ВРЕДНОСТА НА ВАШИОТ ОРГАНИЗАМ?
Истражувањата покажуваат дека сè додека pH-вредноста во организмот не премине во благо алкална, организмот нема способност за самолекување. Можете да одберете најразлични методи на чување на вашето здравје, но сè ќе биде без ефект додека не воспоста- вите pH-рамно- тежата во организмот. Кога pH-вредноста на вашиот организам не е во рамно- тежа, тогаш не може ефективно да ги апсорбира ви- тамините, минера- лите и хранливите материи. Исто така,се намалува производст- вото на енергија во клетките и се намалува спос обноста да се реге- нерираат оштетените клетки. Со еден збор, pH-вредноста на вашиот организам влијае на сè.

ШТО ВЛИЈАЕ НА PH-НИВОТО НА НАШИОТ ОРГАНИЗАМ?
Сè што ќе изедеме во текот на денот влијае на состојбата на нашето тело, па затоа pH-ни- вото се менува од час во час. Некои производи ја намалу- ваат pH-вредноста, други, пак, ја зголему- ваат, што укажува на тоа дека не е сеедно со што се храниме. Во ид- нина може да очеку- ваме од аспект на ацидобазната рамно- тежа во организмот, исхраната да добива сè поголемо значење во преве нтивата од болес- тите на денешното време.

КАКО ДА СЕ ОБЕЗБЕДИ ИДЕАЛНАТА PH-РАМНОТЕЖА ВО ОРГАНИЗМОТ?
Во последно време сè повеќе се истакнува важноста на pH-рамнотежата во телото како прва линија на одбрана на ор- ганизмот од болес- тите. Секоја хранлива состојка внесена во организмот со помош на раз- лични ензими со-горува и создава кисела или базна реакција. На тој начин некои сос- тојки влијаат на создавањето на кисела или базна средина, а при тоа истите состојки во природата може да имаат спротивни pH-вредности. Едноста- вен пример за тоа е лимонот, кој припаѓа на групата на многу кисели овошја, а во организмот станува многу базен (ал- кален).
Повторно се борите со кашлицата или настинката?! Постојано чувствувате замор?! За почеток, практикувајте дневна прошетка или едноставни практични вежби најмалку два-три пати во неделата и верувајте дека ќе почете да се чувствувате подобро.

Не само што му помага на вашиот имунолошки систем во борбата со вирусните инфекции и бактериите, вежбањето ја намалува и можноста за развој на срцеви заболувања, остеопороза или карцином. Затоа, физичката активност мора да биде составен дел од животот.

Сè уште не се знае како точно вежбањето го зајакнуваа вашиот имунитет во борбата со болестите, но познато е дека: физичката активност може да помогне во исфрлањето на бактериите надвор од белите дробови, со што се намалува можноста да се развијат нас- тинка, грип или други заразни болести кои се пренесуваат со воздухот. Вежбањето, исто така, помага во исфрлањето на токсините од организмот преку урината и потта. Зголемената температура на телото за време на веж- бањето може да го намали растот на бактериите, со што му овозможува на организмот поефикасно да се бори со инфекциите. Сличен ефект се постиг- нува кога имаме треска. Стресот ја зголемува мож- носта за разболување, додека пак вежбањето го намалува ослободувањето на хормоните на стресот и со тоа ја намалува можноста да дојде до заболување.
Сепак, иако вежбањето му прави големо добро на организмот, внимавајте да не го практикувате преку- мерно. Луѓето кои вежбаат треба да знаат дека не е потребно да прават на- порни програми за веж- бање со надеж дека на тој начин уште повеќе ќе го зајакнат имунолошкиот систем. Тешките и долги тренинзи, како што се маратонското трчање или интензивните тренинзи во вежбалната, всушност можат да имаат спротивен ефект. Поточно, можат да предизвикаат намелен имунитетен одговор на организмот.

Истражувањата покажу- ваат дека најголема до- бивка од програмите за вежбање имаат оние кои преминуваат од „статичен” во умерен енергичен животен стил.


ЕДНА УМЕРЕНА ПРОГРАМА ЗА ВЕЖБАЊЕ МОЖЕ ДА БИДЕ:
  • дневна прошетка од 20 до 30 минути;
  • возење велосипед 2-4 пати неделно;
  • вежбање во вежбална секој втор ден;
  • рекреативно тренирање некој спорт до два пати неделно.
Вежбањето прави да се чувствуваме поенергично и поздраво. Затоа направете го првиот чекор, почнете да практикувате некој од советите што ви ги дадовме и верувајте, ќе се чувствувате подобро.
Правилната исхрана е основен фактор за правилен раст и развој на човечкиот организам и директно влијае врз неговата виталност, но и на должината на животот

Современата медицина ја утврди и ја потврди вистината дека една од најго- лемите причини за болестите е хра- ната што ја јадеме или онаа што треба, а не ја јадеме.
Сè што внесуваме со храната, нè гради и нè менува и од тоа зависат нашата енергија, здравјето и животот.
Жива или сирова храна не е ништо друго туку консумирање природни прехранбени производи, во голема мера, исто онака како што доаѓаат од природата. Тоа под- разбира храната да не е термички обрабо- тена или да е обработувана краток временски период. Билната храна или жи- вата храна лесно се преработува и вари и е природен извор на енергија и хранливи ма- терии за нашиот организам. Го зголемува имунитетот, го поттикнува природниот про- цес на самоисцелување, го подобрува про- цесот на чистење на телото од наталожени отрови. Таа помага и при регулирање на те- лесната тежина и го регулира метаболиз- мот, обезбедува одлична размена на материите воспоставувајќи ментална и емотивна рамнотежа.
Кога започнуваме сè повеќе да се храниме со свежа природна храна, добиваме повеќе енергија, со што полесно и побрзо стануваме свесни за зголемувањето на нашата виталност. Сировата храна во најголема мера се состои од овошни и зеленчукови плодови, а важно место зе- маат и семињата и јаткастите плодови.
Храната е лек за организмот. Мора да се внимава во кое време се зема, во која коли- чина и со која содржина. Траба да имаме три главни оброци: појадок, ручек, ве- чера и две мали ужини. Исто така, важно е и количеството на оброкот. Не треба да се прејадуваме. Да започнеме постепено да ги менуваме нашите досегашни навики и да останеме витални и да дочекаме длабока старост. Нашето поднебје и природата ни ги подариле сите бои на виножитото, преточени во бои од зеленчук и овошје. Грев би било тој подарок да не го користиме во полза на нашето здравје. Да започ- неме со зеленолисниот зе- ленчук, кој е полн со хлорофил и се смета за елик- сир на животот, младоста и енергијата. Хлорофилот во себе носи големо количество кислород, којшто има ви- тално значење. Помага во превенција на генетските и канцерогените заболувања и кај болестите на црниот дроб. Исто така, ги спречува бакте- риските и вирусните инфек- ции, ја подобрува крвната слика и работата на срцето и позитивно влијае на крвниот притисок. Го зајакнува иму- нитетот на организмот и го забрзува метаболизмот. По- мага во лекувањето на аст- мата и на бронхитисот, им ги ублажува проблемите на дијабетичарите и го забрзува исфрлањето на токсините. За подобро искористување на хранливата вредност на зе- ленчукот најдобра е кратка термичка обработка, затоа што при долгата термичка об- работка доаѓа до губење на хлорофилот. Кога бојата на зготвениот зеленчук ќе се промени од зелена во темно- маслинеста, значи дека дошло до разградување на хлорофилот на помалку ак- тивни и корисни метаболити. За овој процес доволно е само неколку минути варење, затоа што по 20 минути се губат дури две третини од хлоро- филот. Природни извори на хлорофил се спанаќот, броку- лата, кељот, празот, грашокот, блитвата, зелената пиперка и зелената салата.

Јаболко - Кралица на овошјето, најдостапна, неоходна, а често занемарена
Благодарение на состојките што ги содржи, јаболкото е многу здраво овошје. Иако со него не можеме да излечиме болест, со само две јаболка секој ден можеме да спречиме појава на многу здравствени проблеми и заболувања. Јаболкото ги содржи витамините А, Е, Б1, Б2, Б6, Ц; минералите калиум, фосфор, магнезиум и железо; и бетакаротен. Содржи и многу пектин, кој ги впива водата и отровните материи во цре- вата и на тој начин ги тстранува од организмот. Исто така, позитивно влијае на работата на бубрезите, црниот дроб, жолчката. Комбинацијата на витамини и минерали во јаболкото го стомулира имунолош- киот одговор на организмот, па оттука е делотворно во борбата со вирусите, бак- териите и слободните радикали. Освен што го штити организмот од настинки, јаболкото го намалува и ризикот за појава на рак на дебелото црево.


Брокола
Броколата е одличен извор на витамин Ц и диететски влакна. Покрај нив таа содржи витамин А, кал- циум, калиум и селен. Претставува силен антиоксиданс кој има многу значајана улога во имунолош- киот одговор на организмот. Истражувањата покажуваат дека броколата во споредба со другите растенија е најсилна во превенцијата и лечењето на карциномот, благодарејќи на способноста да ги активира антитуморните ензими. За да ги почувствувајте овие бенефити од броколата, обидете се ја да конзумирате 2 пати во недела. Бидете внимателни како ја приготвувате! Преварената брокола сна- тува мека и кашеста, што е идикација дека ги загубила и хранливите состојки и вкусот. За правилно приготвување, надолжно исечете го цветот на броколата на помали парчиња и така оставете го 3-5 минути да отстои пред да го зготвите. Потоа во вода варете ја не повеќе од 5 минути.


Зимата не може да се замисли без агрумите, за кои се знае дека влијаат на подобрување на одбранбениот механизам на ор- ганизмот. Лимонот, портокалите, цитроните и мандарините се одличен извор на витамин Ц, но и на флавоноиди кои го забаву- ваат процесот на стареење. Како добра превентива во зим- скиот период лекарите препо- рачуваат во текот на денот да се пие сок од еден лимон и два портокали. Во исхраната никако не смееме да не ги испуштиме и јаткастите плодови: оревите, бадемите, лешниците, кикирит- ките, бразилските и индиските ореви. Се препорачува од нив да се јаде 30 грама дневно.

Убавината на нашата земја не би била целосна ако не е богатството на нејзината растителна природа про- ткаена во пазувите на нашите полиња и планини. Македонија е меѓу ретките земји кои имаат толку голем број сончеви де- нови, што ја прави природата дарежлива. Природата ги создала тие прекрасни рас- тенија во кои тече животниот сок кој носи здравје и сила, но и убавина и машкост, љубов...

Македонските лековити билки се најста- рите лекови од античко време до денес за нашиот народ. Тие ги надживеаја веко- вите, опеани се во песните и во легендите, но и денес се најевтини и најдостапни при- родни суровини за производство на ле- кови. Од древни времиња, од почетокот на човечката цивилизација, луѓето барале начини да се спасат од тешките болести. Лековите ги барале во својата непосредна околина каде наоѓале лековитите расте- нија. Со векови се собирало огромно знаење за лековитите растенија. Тоа несе- бично се негувало и пренесувало за да им користи на идните поколенија. Благодаре- ние на растенијата и знаењето за нив, опс- тана човештвото, а нè има и нас денес. Современата медицина и наука денеска, исто така, ги цени и ги користи лековитите растенија. Голем процент лекови кои се наоѓаат во аптеките изработени во форма на сирупи, капсули, таблети, инјекции се добиваат од лековити растенија или во ос- нова имаат растително потекло. Најсил- ните лекови се добиваат од лековити растенија. Морфин и кодеин се добиваат од афион, лекот атропин се добива од татула и буника, ергометринот и уште десетина лекови се добиваат од ’ржената главница, дигиталисот е извор на најсилните лекови за срце... Во Република Македонија има над 3.000 растенија. Околу 1.000 од нив имаат лековити својства, а за 500 имаме научно потврдени докази дека делуваат и дека се лековити. Затоа, враќањето на нашите корени, каде ќе ја споиме традиционалната медицина, во чија основа се леко- витите растенија и нивните леко- вити својства, со современата медицина, е предуслов да го под- обриме здравјето на нашиот народ. Денес кога лековитите растенија повторно стануваат актуелни и се симбол за здрав начин на живот, веќе не се третираат како второсте- пени. Интересот на фармацевтската индустрија за лековитите растенија во Америка и Европа, но и во це- лиот свет, се зголемува. Билките се дел од светскиот тренд и движења кон поздрав и поприроден начин на живот. Почитувани чита- тели, растенијата се нашите најдобри пријатели, тие се пријатели на на- шето здравје. Преку зеле- ниот дел од листот ни ја прават дос- тапна сонче- вата енергија. Користејќи го јаглеродот, сон- чевата светлина, водата, водородот ни создаваат кисло- род без кој нема живот. Тие ја регулираат температурата на Земјата. Тие се нашите хемиски фабрики кои создаваат живот и се извор на добро здравје.

Во зимскиот период чести заболувања кај поголемиот дел од населението се заболувањата на дишните патишта. Тоа се сезонски заболувања како последица на намалениот имунитет и на ниските температури. Сигурно современата медицина открила нови лекови кои се наоѓаат во аптеките за лекување на заболувањата на дишните патишта, како антибиотици, лекови за кашлица, покачена температура, лекови за подобрување на дишењето. Сепак, факт е дека кога во прашање се вирусните заболувања, грипот, настинките, најефикасните лекови се наоѓаат во лековитите растенија. Всушност, секојдневното консумирање топли напивки, чаеви од липа, бозел, мајчина душица, жалфија, камилица и босилек со сигурност ќе придонесе да се подобри имунитетот. Да се зголеми отпорноста на организмот, да дојде до спречување на заболувањето и доколку се појави, да помине во поблага форма без последици.



ЛИПА
Од најстари времиња до денес липата е чај кој го чува здравјето. Делува превентивно и го зголемува имунитетот на организмот. Има неколку важни дејства. Чајот од липа предизвикува силно потење, ја намалува телесната температура и е ефикасен лек против настинки и грип. Липата е одличен лек за зголемување на мокрењето, а делува и противвоспалително на мочните патишта. Чајот од липа ги намалува стомачните болки. Делува и на дишните патишта и ја намалува сувата кашлица. Липата се користи за подобрување на имунитетот, против настинки и заболувања на дишните патишта кои се проследени со грозница. Дел од нив се воспаленијата на грлото, на крајниците, на синусите, бронхитот, пневмонијата кај сите пациенти, како кај децата така и кај постарите. Постојат докази дека секојдневното пиење чај од липа го спречува стареењето и лицата кои го користат чајот доживуваат длабока старост.


МАЈЧИНА ДУШИЦА
Мајчината душица е извонреден чај за секојдневна употреба и затоа во домашните аптеки треба да имаме доволни количини за да можеме во него да уживаме во текот на целата година. Се користи во народната и во научната медицина за лекување на градни болести како бронхит, емфизем, пневмонија и хронични проблеми со белите дробови. Ги шири белите дробови, го олеснува искашлувањето, а со тоа и дишењето. Влегува речиси во сите комбинирани медицински чаеви за градни болести. Исто така, го подобрува и имунитетот, особено во зимскиот период кога тој опаѓа. Се користи за лекување на заболување на усната шуплина, воспалени жлебини, слузокожа како и воспаление на грлото. Во форма на инхалации се користи за лекување на воспалени синуси. Содржи и етерично масло и ги уништува бактериите.


БОЗЕЛ
Бозелот се користи како силно антивирусно растение. Претставува силен лек и средство за предизвикување потење, ја намалува телесната температура, делува противвоспалително, го зголемува мокрењето и се користи како средство за слабеење. Бозелот е силен лек за лекување болести на респираторниот систем, како што се грипот, настинките, бронхитисот, пневмонијата. Тој се комбинира со комбинирани чаеви за лекување на респираторни заболувања. Помага и при воспаление на усната шуплина, а во форма на инхалации се користи при воспалени синуси. Бозелот може да се користи и во исхраната. Од цветовите на бозелот народот приготвува многу вкусен пијалак. Комбинации на чаеви од лековити растенија кои помагаат за подобрување на имунитетот и за лекување настинки и заболувања на дишните патишта. 
  • Липа, бозел, жалфија 
  • Липа, бозел, мајчина душица 
  • Бозел, босилек, камилица 
  • Липа, босилек, мајчина душица, тегавец 
  • Липа, камилица, подбел

Децата го сакаат овој напиток
Половина литар пијалак се подготвува на следниов начин: 1 лажица бозел 2 лажици мајчина душица Се прелеваат со врела вода и се оставаат да отстојат 10 минути. Се процедуваат, а потоа се додава една лажица мед и сок од еден лимон (по потреба, колку што поднесува кисело детето). Се пие преку целиот ден.
Истовремената употреба на храна и лек може да предизвика и негативни и позитивни последици при делувањето на лекарствата. Намалувањето на терапевтскиот ефект и зголемувањето на степенот на штетност на лекот се некои од негативните ефекти. Сепак, при употребата на одредени лекови, истовременото консу- мирање храна дури и се препорачува, би- дејќи тоа може да ги намали несаканите дејства од терапијата или да го интензи- вира делувањето на лековите.

Лековите и храната меѓу- себно можат значително да влијаат. Храната може да го промени дејството на лекот, и об- ратно, лекот може да го промени искористувањето на храната во организмот. Негативните ефекти кои најчесто можат да се појават при истовремената употреба на храната и лековите се намалу- вање на терапевтскиот ефект или зголемување на штетноста на лекот. Сепак, истовремената упот- реба на некои лекови со храна може да има и позитивно влијание. Таа може да ги намали несаканите дејства на лекот или да го подобри неговото делување. Прашањето кое најчесто му се поставува на фармацевтот е кога да се земе лекот, пред или по јадењето. Исто така, помалку е познато дека при земањето на некои ле- кови треба да се внимава на из- борот на храната.

ФАКТОРИ ОД КОИ ЗАВИСИ МЕЃУСЕБНОТО ДЕЈСТВО ЛЕК - ХРАНА
Ефектите од меѓусебните влијанија на храната и лековите можат да бидат различни. Тие зависат од многу фактори, а некои од нив се исхранетоста, возраста, полот, ге- нетските фактори, употребата на алкохол, пушењето. Меѓусебното влијание на леко- вите и храната е поизразено кај одредени групи пациенти: децата, младите, повозрасните, хронично болните, неисхранетите или кај лицата со прекумерна те- лесна тежина. Повозрасната популација е посебно загрозена, со оглед на тоа што не- ретко зема повеќе пропишани лекови, но и заради честото користење лекови кои можат да се издаваат и без рецепт. Последиците од ваквиот однос кон лековите можат да бидат намалена работа на црниот дроб и на бубрезите. Тоа пак предизви- кува и послаба елиминација на лековите од организмот. Затоа, ако ви е пропишана одредена терапија со лекови, внимавајте на изборот на храната и времето кога ќе го земате лекот.

Неупатеноста може да доведе до несакани последици
Земањето тетрациклински анти- биотици заедно со млеко и млечни производи кои содржат калциум може да предизвика компликации. Калциумот и анти- биотикот формираат комплексно соединение кое се таложи во кос- ките и во забите. Со тоа се губи и дејството на антибиотикот. Оваа појава може да се избегне ако ги земате лековите час-два пред и по земање на млеко и млечни про- изводи. Земањето цитрон или портокал истовремено со лекови за намалување на маснотиите во крвта (статини), предизвикува аку- мулирање на лекот во телото и тоа може да доведе до штетни по- следици по здравјето.
Терапевтското делување на лекот може да биде забавено или за- брзано во зависност од храната што сме ја консумирале.
Консумирањето зеленчук богат со растителни влакна го забавува де- лувањето на повеќето лекови, како што се пеницилинските анти- биотици, дигоксинот (еден од ле- ковите за срцеви болести) и ацетаминофенот (лек што се упот- ребува против болки и повишена температура).
Многу лекови можат да го нама- лат апетитот. Нивната долготрајна употреба може да биде причина за неисхранетост. Таков е случајот со некои антидепресиви. Од друга страна, лековите за спречување алергиски реакции (антихистаминици) и лековите против воспаленија (стероиди) го зголемуваат апетитот. Употребата на одредени лекови подолг пе- риод кај голем број пациенти може да предизвика зголемена телесна тежина.

Кога се земаат лековите?
За повеќето лекови се препора- чува да се земаат на празен сто- мак или меѓу оброци. Храната го забавува празнењето на желудни- кот. Затоа доаѓа до разлика во брзината на делување, интензите- тот и должината на траењето на терапевтскиот ефект.
Земањето лекови на празен же- лудник е важно кога е потребно да се постигне брз терапевтски ефект. Така, се земаат лековите против болка, главоболка, забо- болка, менструални болки, лекови за намалување на телесната тем- пература, лековите за ублажу- вање на симптомите на настинка и грип, лековите за ублажување на проблемите со повраќање, про- лив, запек, киселини. Јасно е дека овие лекови се земаат по потреба, односно толку долго колку што налагаат симптомите.
Некои лекови се препорачува да се земаат по јадење, зашто со тоа се зголемува нивната апсорпција или се постигнува подобра подносли- вост. Така се земаат лековите про- тив болки при мускулно-скелетни заболувања и други хронични сос- тојби на болка, некои лекови про- тив воспаленија, зашто тие предизвикуваат стомачни тегоби, го подигнуваат нивото на липиди во крвта, го стимулираат апетитот и можат да доведат до зголему- вање на телесната тежина.

Општи правила при земањето лекови
За да го постигнат потребниот ефект, лековите треба да се зе- маат редовно, на правилен начин и доволно долго, со соодветен режим на исхрана и здрав начин на живеење.
Кога треба да ги земате леко- вите на празен желудник, пра- вете го тоа еден час пред јадење или два часа по оброк, со полна чаша вода. Избегнувајте земање витамини или минерали во исто време кога го земате лекот. Не голтајте ги лековите со топол пијалак или помешани во него Не мешајте ги лековите со храна.
Не растворајте ги капсулите и не мешајте ја нивната содржина со храна или со пијалаци. Никогаш не земајте лекови со алкохолни пијалаци. Прочитајте ги сите упатства и предупредувања кои доаѓаат со лекот.
Кога земате средства за намалу- вање на температурата, важно е да пиете многу течности. Предност треба да се даде на млаките овошни чаеви, соковите и на ми- нералната вода. Доколку, пак, ви се препишани антибиотици за време на терапијата, а особено по завршување на терапијата, земете и пробиотици. Вашиот фармацевт најмногу може да ви помогне до- колку имате дилема дали при зе- мање на вашата терапија треба да внимавате на некоја храна.
Во периодот помеѓу 35 и 45 години клетките на кожата побавно се обновуваат. Со тоа и епидермисот станува потенок. Поради намалената циркулација се намалува и дотокот на материи кои ја стимулираат синтезата на колагенот

Стареењето е процес на кој подлежат сите живи орга- низми, органи, ткива и сите клетки во еден организам. На овој процес подлежи и кожата. Стареењето на кожата може да го поделиме на три видови: ге- нетско или хронолошко ста- реење, хормонско стареење и стареење предизвикано од око- лината. Генетското или поточно природното стареење е поврзано со годините и тоа не можеме да го избегнеме. Хормонското ста- реење се појавува во почетокот на менопаузата. Третиот вид ста- реење е она кое можеме да го избегнеме, а тоа е стареење на кожата поради изложувањето на сончевите зраци.



Природни препарати

Потребно е да се внесува витамините Е и Ц но и други антиоксиданси, со што ќе се заштити кожата од штетното дејство на слободните радикали.
Дневните креми секогаш треба да содржат УВ-заштита, која ја штити кожата не само од сончевите зраци, туку и од електричните уреди и од флуоресцентните светла. Затоа кремите кои ги користите треба да бидат богати со хранливи материи и да ја потхрануваат кожата.
Широк е спектарот на природни препарати за подмла- дување на кожата.
Тоникот од воден екстракт од рузмарин помешан со ал- кохол го зајакнува и освежува кожното ткиво.
Брз и при- роден лифтинг може да направите со маска од изгмечено грозје.
Исто така, богато може да го нахра- ните и освежите лицето со маска од ананас и маслиново масло. На крај, не заборавајте дека тешката шминка и користењето на многу пудра придонесува за брзо ста- реење на вашата кожа.

Првите брчки околу очите

Кога прогресивно старее, кожата станува потенка, ги губи цврстината и еластич- носта, станува сува и рапава. Во периодот помеѓу 35 и 45 години доаѓа до побавно обновување на клетките на кожата. Покрај тоа и епидермот станува потенок.
Поради намале- ната циркулација се нама- лува и дотокот на хранливи материи кои ја стимулираат синтезата на колагенот.
Тоа доведува до намалување на желатинозните супстан- ции кои го пополнуваат просторот помеѓу влакната и клетките, а со тоа и на нивните компоненти - хијалуронската киселина која ја врзува водата, што доведува до промена на хидратацијата. Како послед- ица на тоа се создаваат брчките.
Прво се појавуваат ситни брчки околу очите и тоа на кожата на долниот капак и во надворешниот агол на очите, потоа на че- лото, помеѓу носот и надво- решниот дел на усните. Можно е да се појават и проширени ситни капилари на носот и на образите.
Про- цесот на стареење на ко- жата подразбира и појава на пигментни точки.
Долго се сметало дека ста- реењето на кожата е ире- верзибилен процес и дека остарената кожа не може да го поврати првобитниот из- глед. Но, современата коз- метика не го признава тоа. Нашето знаење и правил- ната нега се одлучувачки фактор за нашиот изглед.
Важен фактор во обновата и заштитата на кожата е користењето биолошки активни елементи.
Благодарение на нив кожата се хидратизира, затегната и изгледа здраво.
Кожата на мажите подоцна влегува во процесот на стареење во споредба со кожата на жените. 

Основната причина за тоа е активн оста на лојните жлезди до подоцнежната возраст, благодарение на машките хормони До неодамна се сме- таше дека негата и козметиката се исклу- чиво само за женската попу- лација.
Но, современите мажи знаат дека не е до- волно само да се искапат и да избричат за да изгледаат убаво и негувано.
Има многу здравствени и естетски причини поради кои мажите треба да посве- тат повеќе внимание за нега и за заштита на својата кожа. Кожата на мажите значително се разликува од кожата на жените, а осн о в- ната разлика e во дебели- ната на епидермот.
Таа е подебела и помалку осет- лива, прекриена е со густи дебели влакна, со што до- полнително е заштитена од сонцето и неговото штетно дејство. Кожата кај мажите е и многу позатегната во спо- редба со кожата кај жените, па затоа многу подоцна вле- гува во процесот на ста- реење. Основната причина за тоа е активноста на лојните жлезди до подоц- нежната возраст, благодаре- ние на машките хормони. Машките хормони делуваат и на количеството на кола- ген и на тој начин се зголе- мува цврстината на кожата.

Бричењето е одличен пилинг
Уште еден значаен фактор во спречувањето на стареењето на кожата на мажите е бричењето. Тоа е одличен пилинг кој ги от- странува мртвите клетки од површината на кожата. Со ваков секојдневен пилинг се забрзува создавањето нов епидерм и се обновуваат клетките. Но, со бричењето се уништува т.н. заштитен филм (хидролипиден филм), па може да дојде до појава на црвенило, пецкање и иритација на кожата. Затоа е потребно веднаш по бричењето лицето да се измие со што пос- тудена вода. Со правилна нега и исхрана на кожата мажите можат многу полесно да го за- чуваат младиот изглед на ко- жата и да ја спречат појавата на брчки. Првиот чекор за пра- вилно негување на кожата е да се одреди нејзиниот тип. Да се утврди дали е сува или мрсна е многу едноставно. Потребно е лицето да се измие и нежно да се избрише со крпа. Доколку ве затега кожата по сушењето, вие имате сува кожа. Доколку пак лицето ви е сјајно доцна поп- ладне, тогаш треба да бидете сигурни дека имате мрсна кожа. Доколку имате сува кожа, тогаш треба да користите хид- ратантни креми и лосиони и пена за бричење на база на алое. За оние со мрсна кожа пак, се препорачува почесто бричење и употреба на гелови кои содржат етерични масла и прополис.

ПРЕПОРАКИ ЗА ПРАВИЛНА НЕГА НА КОЖАТА 

  • Бричете се секојдневно за да се обновува кожата. 
  • Задолжително корис- тете пена или гел за бри- чење, а по бричењето лосион за да ја заштитите кожата и да ја спречите иритацијата. 
  • За да ја нахраните и за да и дадете свежина на ко- жата, користете регенера- тивни креми. 
  • За да ги спречите тем- ните кругови околу очите, користете препарати за нега на подочниците.
Сепак, за да потврдат дека се грижат за себе, освен на лицето, мажите треба да им посветат внимание и на стапалата, колената и лак- тите. Токму грижата за овие делови на телото ни збо- рува за тоа колку еден маж го негува своето тело. По секое туширање истријте ги овие делови на телото со груба крпа и намачкајте ги со хранлива крема. Од- лично би било доколку имате можност барем еднаш во неделата да ги намачкате со мешавина од глицерин и лимон.

Во последните три деце- нии драматично расте бројот на натхранети и дебели деца, што би требало да ги загрижи родителите и лекарите, а секако и државата. Дебелината не е болест сама за себе, но претставува закана за развој на многу болести.
Современата наука знае дека дебелината, здружена со бројни здравствени проблеми, придонесува да дојде до ин- фекции на дишните патишта, зголемен крвен притисок или зголемени маснотии во крвта, абнормален метаболизам на гликозата, што пред- извикува појава на дијабетес тип 2, побрзо растење и ран пубер- тет, замастен црн дроб, орто- педски проблеми и ред други компликации.

Покрај сето ова дебелите деца често имаат и психички проблеми, поради тоа што имаат неубава слика за сопст- веното тело и изгледот, поре- метување на спиењето, мрзеливи се или тажни без причина, агресивни. Исто така, често постигнуваат и послаб успех во училиште, што, исто така, е реакција на односот на околината кон нивниот изглед.

Едни од најчестите причини зошто се децата дебели се неправилната исхрана, лошите навики во исхраната и недо- волната физичка активност. С повеќе време поминуваат пред компјутер или телевизор, при што задолжително консу- мираат биолошки празна храна, таканаречена нездрава храна (чипс, слатки или солени грицки и сл.).

Проблемот кај децата е мо- тивацијата, бидејќи најчесто семејството не е подготвено да прифати да го промени начи- нот на исхрана. Потребно е постојано да им се укажува на децата за сите ризици од де- белина дури и на оние кои ќе следат подоцна. Најдобриот диететски пристап е енергетс- киот внес на хранливи сос- тојки.
 

СОВЕТ: Бидете креативни. Наместо индустриски обработени и не здрави грицки понудете им на своите деца моркови и краставички сечкани по должина и сервирани

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.