Кинеските научници се надеваат дека со новокреираниот гел ќе можат да ја пресоздадат глеѓта на забите без да користат пломби кои содржат тотално различни материјали, и ако сѐ оди добро, да започнат испитувања кај луѓе во наредните неколку години. Луѓето имаат два комплета заби во текот на животот, бебешките заби и постојаните „возрасни“ заби. Забите се најцврститекоски во организмот, но расипувањето на забите и киселините кои ги внесуваме преку храната и пијалаците доведуваат до губење на забната глеѓ, која е всушност минерализирана супстанција што ја штити нивната површина.

Кога ја создаваат глеѓта, клетките што го произведуваат т.н. емајл умираат веднаш, а потоа, во текот на животот, поради сѐ што внесуваме, таа еродира, се раскинува или се рони и никогаш повеќе не може да се регенерира.
Сепак, кинеските научници создадоа течен раствор кој може да ја врати тешката надворешна површина на оштетената глеѓ на забот со помош на материјал што го имитира процесот на природна минерализација на заштитниот надворешен слој на забите. Овој нов гел, всушност ја предизвикува глеѓта самата да се „поправи“, односно да се обнови, така што методот го реплицира процесот на биоминерализација при што клетките познати како амелобласти ослободуваат протеини кои на крајот стануваат глеѓ. Сепак, амелобластите се присутни само за време на развојот на забите, така што нашите зрели заби немаат природна можност за самопоправање откако ќе се формираат.
 
 
Имено, истражувачите од Медицинскиот факултет на Универзитетот Жejеџијанг во Кина ги комбинираа двата минерала од кои се состои глеѓта, калциум и фосфат, и развија алкохолен раствор од органското соединение триметиламин. Новата техника бара нов вид на јони – честички на калциум фосфат (CPIC), со големина на дијаметарот од само 1,5 нанометар. Малите честички подоцна се стабилизирале во раствор со етанол со хемикалија наречена триетиламин, што ги спречува да се натрупуваат заедно. 

Кога истражувачите го применувале геловидниот материјал на човечки заби донирани од пациенти, во симулирана околина слична на човечката уста, ултра малите честички успешно се спојувале во структурата слична на природната глеѓ, реплицирајќи ја облогата на забот со различен и подеднакво цврст поправен слој, кој се развива до дебелина до 2,8 микрометри во рок од 48 часа. Сложената, кристална природа на глеѓта била причина за бројни пропаднати обиди, па затоа оваа техника се претставува најава за своевидна револуција во стоматологијата.

На глобално ниво, стоматолошката заедница е многу возбудена од ова истражување. Досегашните производи кои препорачуваат стоматолозите ја санираат глеѓта, но не се во можност да ја повратат сложената кристална структура за да пресоздадат бисерно бел слој на забите.
Истражувачите објаснија дека нивниот научно создаден материјал составен од јони на калциум фосфатни честички може да се користи како основен слој кој ќе го поттикне епитаксиалниот раст на кристалната глеѓ, кој ја имитира биоминерализацијата на кристално-аморфната обвивка која ќе предизвика развој на природно тврдо ткиво.

Исто така, според научникот Жаоминг Лиу, коавтор на студијата, новорегенерираната глеѓ има иста структура и слични механички својства како природната. Сепак, бидејќи студијата се спроведувала само на извадени заби, тимот на истражувачи планира да го тестира нивниот метод на глувци, а наскоро потоа и на луѓе. Тие се надеваат дека ќе можат да ја пресоздадат глеѓта на забите без да користат пломби кои содржат тотално различни материјали, и ако сѐ оди добро, да започнат испитувања кај луѓе во наредните неколку години.

Значењето на новата техника е тоа што потенцијално може да ги санира расипаните заби и да спречи расипување на забите засекогаш!

Експертите веруваат дека може да поминат неколку години пред овој материјал да се најде во клиничка употреба кај локални стоматолози, под услов идните тестови да укажат дека е безбеден и ефикасен. Затоа, Чен Хаифенг, вонреден професор на одделот за биомедицинско инженерство на Универзитетот во Пекинг, советува дека сè додека не се тестира новиот материјал, ние сè уште треба да бидеме внимателни во врска со нашето здравје на забите. Тој додава дека никогаш не треба да чекаме да се направи штетата, бидејќи превенцијата е најдобриот пристап. Научникот од Пекинг препорачува: „Нашите заби се чудо од природата. Вештачката замена никогаш нема да ја заврши работата“.



 
 
 
 
 
 
Во денешно време се прават големи напори за превенција на алкохолната зависност, преку препознавање на раните стадиуми на проблемите со пиење и охрабрување на луѓето да направат рана интервенција пред влошување на ситуацијата, а се спроведуваат и различни кампањи преку медиумите. Колку повеќе јавноста станува свесна за здравствените и социјалните последици од болеста, толку повеќе ќе се намали бројот на алкохолно заболени лица, а навремените и соодветни третмани може да доведат до повисок степен на излекување.

Умереноста како еден од најголемите предизвици во градењето на човековиот карактер, се чини најлесно дека најлесно се става во искушение во допир со алкохол. Искушението на алкохолот доаѓа со привидот на олеснување на напнатоста и стресот од обврските ги наметнува секојдневното живеење, но стапицата на таквата „алкохолна помош“ е невидливата граница (дозата), која кога ќе се премине станува проблем. 
Свесни сме за фактот дека акохолизмот е нешто со што секојдневно се сретнуваме, во различни ситуации, со различни степени на проблематичност кои се трудиме да ги разбереме, односно се обидуваме да ја сфатиме причината за неговата појава. Навлегувајќи во истражувањата се доаѓа до различни податоци. Основното прашање што се наметнува на почетокот е: што претставува алкохолизмот или алкохолната зависност? Енциклопедискиот одговор гласи: тоа е хронична болест, позната по потребата за алкохол. Луѓе кои страдаат од ова заболување во колоквијлната комуникација можат да бидат наречени и алкохоличари, што во денешно време се смета за политички некоректен термин. Сепак, тоа не го негира општоприфатениот опис дека овие луѓе не можат да го контролираат пиењето, дури ниту кога станува збор за директна причина за нанесување директна штета, вклучувајќи ги и медицинските заболувања, брачните проблеми, загубата на работа или сообраќајни незгоди. Можеме слободно да кажеме дека медицинската наука сѐ уште ја нема откриено точната причина за алкохолизмот, но многу истражувања покажуваат дека генетички, психолошки и социјални фактори помагаат во неговото развивање. Фактори кои можат да влијаат во развојот на оваа болест се личното однесување, пријателските влијанија во раниот живот, однесувањето на родителите, животниот стрес, со неизбежниот предуслов – расположливоста и достапноста до алкохолни пијалоци.

Алкохолната зависност различно се развива кај секоја личност

Оваа група луѓeстанува и физички зависнaод алкохол. Кога зависниците од алкохол ќе престанат да пијат, страдаат од непријатни физички симптоми како што се:гадење, потење, тресење и вознемиреност.

Зависниците од алкохол создаваат виска толеранција на алкохолот

Алкохолната зависност е светски широко распростанета и многу статистики покажуваат дека на оваа непријатна навика не останеле имуни ниту бизнис-менаџери, талентирани инженери, работници, архитекти, уметници, припадници на сите религии... Очигледно, алкохолизмот не прави „селекција“ врз основа на раса, професија, социјален или религиски статус. 
Проценките покажуваат дека луѓето кои почнале да пијат алкохол порано од 15-годишна возраст, имаат четири пати поголеми шанси да станат зависници од алкохол во однос на оние кои почнале да го консумираат по 21-та година од животот. 

Мажите имаат три пати поголема веројатност за зависност од жените

Кога се консумира алкохол, стомакот и органите за варење брзо го апсорбираат. Алкохолот патува преку крвта до целото тело, забрзувајќи ја циркулацијата и вршејќи влијание на секое ткиво. Поголеми дози алкохол ги нарушуваат функциите на централниот нервен систем. Брзината со која алкохолот се акумулира во телото може да биде поголема од брзината која се елиминира од организмот, создавајќи ефект на интоксикација. Сепак, мали количини на алкохол, може да ја намалат напнатоста, да го зголемат апетитот и да имаат аналгетски ефект. Кога личноста ќе стане интоксицирана или обично кажано пијана, говорот станува гласен и неповрзан.

Отежнатото расудување може да биде причина за нерационално однесување, а физичките рефлекси и мускулната координација стануваат забележително нарушени. Ако се продолжи со пиењето, може да дојде до целосно губење на физичката контрола, губење на свеста, а во краен случај, можна е дури и смрт. Долгорочната употреба на алкохол може да предизвика сериозни оштетувања на црниот дроб. Во првиот стадиум на болеста, маснотија се акумулира во црниот дроб, при што тој отекува и станува поголем. Некои лица што прекумерно консумираат алкохол може да добијат хепатитис, кој ги воспалува, т.е. ги уништува клетките на црниот дроб. Во друг случај, некои консументи можат да добијат цироза, неповратна состојба во која здравото ткиво на црниот дроб многу брзо се оштетува во голема мера. Сето ова го спречува слободниот проток на крвта низ црниот дроб, што може да биде причина за појава на висок крвен притисок. Црниот дроб повеќе не е во состојба да ја прочистува крвта од токсичните материи, а сето тоа може да доведе до фатална ситуација.

Прекумерното консумирање на алкохол го оштетува и срцевиот мускул

Во одредени случаи, алкохолот доведува и до алкохолно лудило, кое предизвикува збунетост, поспаност, депресија и страшни халуцинации, при што се појавува некотролирано тресење во рацете, кое може да се прошири на главата и телото. Жените кои пијат алкохол за време на бременоста може да родат дете со фатален алкохолен синдром (ФАС), што е водечка причина за дефекти при раѓањето, а тоа е комбинација на физички и психички дефекти, како што е ретардацијата, мала глава и мускулна слабост. 

Зависниците од алкохол се преципираат како неодговорни, неморални и луѓе со слаб карактер

Некои зависници кога ќе го препознаат нивниот проблем се лекуваат самите, други претпочитаат групна или индивидуална терапија, во која може да биде вклучена и хоспитализација. Голем е бројот на оние кои избегнуваат третман, игнорирајќи ги симптомите на болеста, од страв од соочување со фактот дека ќе бидат етикетирани од заедницата.
Кај некои алкохоличари лекувањето започнува со детоксификација, при што безбедно се ослободува алкохолот од организмот . Детоксификацијата обично трае една недела , а за тоа време пациентите се сместени во здравствена иституција.
Во денешно време се прават големи напори за превенција на алкохолната зависност, преку препознавање на раните стадиуми на проблемите со пиење и охрабрување на луѓето да направат рана интервенција пред влошување на ситуацијата, а се спроведуваат и различни кампањи преку медиумите. Колку повеќе јавноста станува свесна за здравствените и социјалните последици од болеста, толку повеќе ќе се намали бројот на алкохолно заболени лица, а навремените и соодветни третмани може да доведат до повисок степен на излекување.


 
 
Во овој годишен период на големо аерозагадување, препорачливо е сопственото возило да се користи само кога е најнеопходно. Возилата се третите по ред причинители на аерозагадувањето, па во тој контекст сите треба да се потрудиме да покажеме свесност за проблемот и да го минимизираме користењето барем на нашето возило. 
 
Адаптабилноста на човековиот организам не може и не смее да биде оправдување за живот во средина со висока загаденост, која за жал веќе ни претставува секојдневие. Главниот град на државата –Скопје, како и многу други градови во Македонија, традиционално секоја година, се присутни на листата на топ 10 најзагадени градови во светот. Да, да, во светот! Тоа,секако претставува сериозно загрижувачки податок. Од направените анализи за тоа од каде потекнува загадувањето, утврдено е дека во најголема мера тоа се должи на греењето со несоодветен материјал за огрев, односно тој фактор е застапен со 34 отсто од вкупното загадување. На непопуларното второ место е сообраќајот, кој придонесува со 20 отсто за вкупното загадување на воздухот. Потоа, со свој „придонес“ во загадувањето од 19 отсто, доаѓа правот кој се создава од градежните активности, правта на улиците како и онаа од неуредените површини. Учеството на индустријата во севкупното загадување изнесува сѐ уште високи 18 отсто. Сите овие фактори влијаат првенствено за загадување на воздухот, но и на целата животна средина.
 
Што сѐ можеме да примениме за да се заштитиме од загадувањето? Дали воопшто може да се заштитиме?
 
Прво,мора да се потенцира дека загадувањето е присутно во текот на целата година. Највисокиот степен на загаденост (т.н. пик), односно најголемите измерени количини вообичаено се во време на грејната сезона, односно во периодот од месецот октомври до март. Во тој период,препораките за децата, старите лица и бремените жени –да не се изложуваат многу на надворешната средина, односно да избегнуваат движење на отворено –речиси се со постојана важност. Сепак, таквите препораки не се целосно решение со кое може да се елиминира влијанието на загадувањето, па и покрај тоа се препорачува носење заштитна маска што содржи филтер кој може да ги врзе штетните честички. Најефикасни се оние маски кои во филтерот содржат и слој со јаглен, за кој е познато дека има својство да ги врзува штетните честички.
 
Што се всушност штетните честички?
 
Фамозните ПМ-честички се наречени по кратенката PM која значи particulate matter (или particle pollution), а всушност претставуваат смеса од цврсти честички и течни капки кои се присутни во воздухот. Некои честички,како што се правта, нечистотоијата, саѓите или чадот,се доволно големи и темно обоени така што се видливи со голо око. Но други честички се толку мали што можат да бидат детектирани само со електронски микроскоп. Најпознатите се ПМ 10 и ПМ 2,5, односно честички со дијаметар од 10 односно 2,5 микрометри. Само за споредба, влакната на косата имаат дијаметар од 50-150 микрометри.
 
Извори на ПМ-честички
 
Овие честички можат да бидат со најразлични форми и големини и се составени од различни хемиски соединенија. Некои директно се емитуваат од градежните места, неасфалтираните патишта, полињата, депониите или од места зафатени со пожар. Повеќето честички се формираат во атмосферата како реултат на комплексни хемиски реакции помеѓу сулфур диоксидот и азотните оксиди, полутанти (загадувачи) кои потекнуваат од централите, индустриите и автомобилите. Овие честички се толку мали што може да бидат вдишани и да предизвикаат сериозни здравствени проблеми. Честичките со дијаметар од 2,5 микрометри се исклучително минијатурнииуспеваат да стигнат длабоко во белите дробови, па дури и во крвотокот.
 
 
Што да се преземе за заштита од штетните честички ?
 
1. Користење аеромаска –На пазарот се присутни голем број видови маски за коиво декларацијата стои дека заштитуваат од загадувањето. Во зависност од материјалот на изработка, филтерот како и можноста за приспособување на лицето, маските се ефикасни само во филтрирање на возхудот, односно не дозволуваат штетните честички да стигнат до нашите дишни патишта. Принципот на заштита е формирање механичка бариера меѓу водухот и нашите дишни органи, носот и устата. Сите маски содржат филтри кои повеќе или помалку ги задржуваат штетните честички од воздухот, не дозволувајќи им да стигнат до нашите дишни органи. На повеќето маски ја има ознаката N95, што значи дека таа маска не дозволува поминување низ филтерот на минимум 95% од сите честички во воздухот кои се поголеми од 0,3 микрометри. За оптимална заштита,доволен е овој филтер, но за многу чуствителни луѓе се препорачува маска со ознака N99. Филтерот на повеќето маски е збогатен и со слој од карбонски влакна кои имаат својство на врзување на штетните честички од воздухот.
 
 
2. Избегнување движење на отворено во периоди кога е најголемо загадувањето, обично од 11 до 19 часот. Препорачливо е да ги организирате своите дневни обврски, така што ќе имате многу малку активности во овој период од денот. За домашниот простор може да се користипрочистувач на воздух. На пазарот се достапни голем број прочистувачи кои гарантираат околу 99 отсто филтрирање на честичките. Најчесто користени се прочистувачите кои имаат ХЕПА-филтри кои отстрануваат дури 99,97% од честичките со големина од 0,3 микрометри. 
 
3. Во овој годишен период на големо аерозагадување, препорачливо е сопственото возило да се користи само кога е најнеопходно. Возилата се третите по ред причинители на аерозагадувањето, па во тој контекст сите треба да се потрудиме да покажеме свесност за проблемот и да го минимизираме користењето барем на нашето возило.Споделувајте едно возило со колегите од работа. Оваа мерка е позитивна од повеќе аспекти. Намалувајќи го загадувањето, истовремено штедите за гориво со тоа што го делите своето возило со колегите од работа, но и неформално се дружите надвор од работното место.
 
4. Искористете го секој слободен ден или викенд за прошетка во природа, нанекоја планина или на езеро. Македонија изобилува со локалитети каде има недопрена природа, далку од градската средина и загадените области. Одвојте време барем еднаш неделно да излезете од градовите и да поминете малку повеќе време на некоја планина, ритче, езеро, река и слично.

Подаруваме книга во соработка со издавачката куќа Ѓурѓа.

 

Насоки:

Like на  Ваш Аптекар, споделете ја објавата и една од темите објавени од 18.12 до 30.12.2019, во коментар означете - тагнете пријател/ка и напишете го слоганот на Ваш Аптекар. 

Слоганот на Ваш Аптекар може да го прочитате на нашата facebook страна во делот ЗА/ ABOUT ВАШ АПТЕКАР. 

 

 

Доколку има повеќе учесници кои ги исполнуваат условите, книгата ќе ја подариме на 30.12.2019 по случаен избор.

Подаруваме книга во соработка со издавачката куќа Ѓурѓа.

 

Насоки:

Like на  Ваш Аптекар, споделете ја објавата и една од темите објавени од 02.12 до 13.12.2019, во коментар означете - тагнете пријател/ка и одговорете на прашањето: 

Којa e последната тема во делот спорт објавена на сајтот на Ваш Аптекар ?
Одговорот на ова прашање може да го најдете на http://vasaptekar.mk

 

Доколку има повеќе учесници кои ги исполнуваат условите и имаат точен одговор, книгата ќе ја подариме на 13.12.2019 по случаен избор.

 

Подаруваме книга во соработка со издавачката куќа Ѓурѓа.

 

Насоки:

Like на  Ваш Аптекар, споделете ја објавата и една од темите објавени од 14.11 до 25.11.2019, во коментар означете - тагнете пријател/ка и одговорете на прашањето: 

Кој е најновиот / последниот рецепт објавен на сајтот на Ваш Аптекар ?
Одговорот на ова прашање може да го најдете на http://vasaptekar.mk

 

Доколку има повеќе учесници кои ги исполнуваат условите и имаат точен одговор, книгата ќе ја подариме на 25.11.2019 по случаен избор.

Иму­но­лош­ки­от сис­те­м прет­ста­ву­ва сов­ршен бо­ре­ц кој ја прет­ста­ву­ва од­брам­бе­на­та си­ла на чо­ве­кот во бор­ба­та про­тив бак­те­ри­и­те, ви­ру­си­те, га­бич­ки­те и дру­ги­те неп­ри­ја­те­ли на чо­ве­ко­ви­от ор­га­ни­зам. 
 
Постоја­т два ви­да на иму­ни­тет. Вро­ден и стек­нат. Вро­де­ни­от е се­ко­гаш ту­ка и прет­ста­ву­ва први­от со­јуз­ни­к во бор­ба про­тив мик­ро­ор­га­низ­ми­те. Стек­на­ти­от е спе­ци­фи­чен, се раз­ви­ва бав­но и учес­тву­ва во по­доц­неж­на­та фа­за на од­бра­на. Ко­орди­ни­ра­на­та ре­ак­ци­ја на вро­де­ни­от и стек­на­ти­от иму­ни­тет го чи­на­т иму­но­лош­ки­от од­го­вор на ор­га­низ­мот. 
 
Пр­ви зна­ци де­ка неш­то не е во ред
И пок­рај вак­ва­та сов­рше­на ор­га­ни­зи­ра­нос­т на иму­но­лош­ки­от сис­тем, свес­на­та под­дршка е осо­бе­но важ­на ис­ти­от да ос­та­не це­лос­но во фун­кци­ја.  
До­кол­ку нас­тин­ки­те се чес­т гос­тин, стра­да­те од не­дос­та­ток на ви­тал­на енер­ги­ја, хро­ни­чен за­мор, по­ја­ва на хер­пес,то­гаш со си­гур­нос­т ва­ши­от иму­н сис­те­м ја из­гу­бил сво­ја­та вис­тин­ска моќ. 
 
На што се дол­жи сла­бе­е­ње­то на иму­на­та ре­ак­ци­ја 
Постоја­т ни­за на фак­то­ри ко­и ди­рек­тно и ин­ди­рек­тно вли­ја­ат врз це­лос­на­та фун­кци­о­нал­нос­т на иму­ни­от сис­тем. 
 
Не­до­вол­на фи­зич­ка ак­тив­ност
На­ви­ки­те во ко­и се жи­ве­е се ек­стрем­но важ­ни за доб­ро здрав­је и си­лен иму­но­лош­ки сис­тем. Веж­ба­ње­то во си­те фор­ми е од осо­бе­на важ­нос­т во ови­е про­це­си. До­вол­но е днев­но да пе­ша­чи­те 30­ти­на ми­ну­ти за под­дршка на иму­но­лош­ки­от сис­тем
 
Хро­ни­чен стрес
Постоја­на­та из­ло­же­нос­т на стрес ги от­во­ра вра­ти­те за се по­чес­ти за­бо­лу­ва­ња. Хро­нич­ни­от стрес не­сом­не­но ќе го ос­лаб­не иму­но­лош­ки­от сис­тем. Се­ко­е иг­но­ри­ра­ње на вак­ва­та фор­ма на стрес прет­ста­ву­ва до­пол­ни­те­лен ри­зи­к по ва­ше­то здрав­је.
 
Пе­ре­ку­мер­на упот­ре­ба на ка­фе, ци­га­ри и ал­ко­хол.
Пре­ку­мер­на­та упот­ре­ба на ови­е сти­му­лан­си е ме­гу глав­ни­те при­чи­ни­те­ли за пад на иму­но­лош­ки­от сис­те­м и не­го­ва­та спо­соб­нос­т за бор­ба со над­во­реш­ни­те аг­ре­со­ри.
 
Не­дос­та­ток на сон
За­ра­ди не­дос­та­то­кот од сон или за­ра­ди нек­ва­ли­те­тен сон иму­но­лош­ки­от­сис­те­м е ли­шен од мож­нос­та да се об­но­ви и за­јак­не. 
 
Неп­ра­вил­на ис­хра­на
Пок­рај бор­ба­та со не­са­ка­ни­те мик­ро­ор­га­низ­ми, иму­ни­от сис­те­м до­пол­ни­тел­но се оп­то­ва­ру­ва и се вклу­чу­ва и во слу­ча­и на кон­зу­ми­ра­ње на не­со­од­вет­на хра­на. (не­то­ле­ран­тна и алер­ге­на ).Ин­дус­трис­ки об­ра­бо­те­на, мас­на, прем­но­гу за­чи­не­та и хра­на бо­га­та со ше­ќе­ри мо­же да би­де опас­на за иму­но­лош­ки­от сис­тем.
 
Ка­ко да си по­мог­не­ме
Мно­гу е важ­но иму­но­лош­ки­от сис­те­м да е во по­стоја­на и це­лос­на кон­дици­ја, а не за ис­ти­от да се гри­жи­ме са­ко ко­га ке се по­чув­ству­ва­ат први­те зна­ци на не­го­во сла­бе­е­ње. Ели­ми­ни­ра­ње на глав­ни­те фак­то­ри и фор­ми­ра­ње на но­ви и здра­ви жи­вот­ни на­ви­ки  на­ви­ки ќе при­до­не­са­т ва­ши­от иму­но­лош­ки сис­те­м да би­де це­лос­но фун­кци­о­на­лен.
 
За­поч­не­те со ис­хра­на­та. 
Во ва­ше­то се­кој­днев­но ме­ни во­ве­де­те што е мож­но по­ве­ќе све­жо овош­је и зе­лен­чук. Нут­ри­тив­на­та вред­нос во ови­е на­мир­ни­ци е неп­ро­цен­ли­ва. Се што му е пот­реб­но на ва­ше­то те­ло ќе нај­де­те во нив. Изо­бил­ство од ви­та­ми­ни, ми­не­ра­ли ан­тик­си­дан­си. Ја­де­те раз­но­вид­на хра­на. 
Избег­ну­вај­те га­зи­ра­ни пи­ја­ло­ци, хра­на бо­га­та со кон­зер­ван­си, слат­ки и мно­гу мас­на хра­на и пре­ра­бо­те­на хра­на.
 
Вне­су­вај­те до­вол­ни ко­ли­чи­ни на Ви­та­мин Ц и ви­та­мин Д. 
Ви­та­ми­ноц Ц е поз­на­т и ка­ко нај­ве­рен при­ја­тел на иму­ни­от сис­тем. Го зго­ле­му­ва про­из­вод­ство­то бе­ли крв­ни клет­ки и ан­ти­те­ла ко­и го шти­та­т ор­га­низ­мот од бак­те­ри­и и ви­ру­си.
 
Еден од клуч­ни­те иму­но­лош­ки ком­по­нен­ти во ис­хра­на­та ко­ја  тре­ба да се обез­бе­ди е ви­та­ми­нот Д. Ви­та­ми­нот Д пок­рај не­го­во­то свој­ство за за­јак­ну­ва­ње на кос­ке­ни­от сис­тем, има зна­чај­но деј­ство во ре­гу­ла­ци­ја на иму­но­лош­ки­от сис­те­м и по­ди­га­ње на иму­но­би­о­лош­ки­от од­го­вор.
 
Пиј­те до­вол­но во­да
Пот­ру­де­те се се­кој­днев­но да вне­су­ва­те до­вол­на ко­ли­чи­на на чис­та во­да. Нај­мал­ку ли­тар ипол днев­но зна­чи со­од­вет­на пот­кре­па за ра­бо­та­та на иму­ни­от сис­тем. Во­да­та го зго­ле­му­ва ко­ли­чес­тво­то на кис­ло­род во крв­та а во­ед­но го чис­ти ор­ган­з­мот од ток­си­ни. Ва­ка ор­га­низ­мот е под­гот­вен за бор­ба со ви­ру­си­те и бак­те­ри­и­те.
 
Вни­ма­вај­те на жи­вот­ни­от стил
Фи­зич­ка­та ак­тив­нос­т е за­дол­жи­тел­на во вак­ви ус­ло­ви на жи­ве­е­ње. не са­мо што ке ги по­тик­не­те и ак­ти­ви­ра­те внат­реш­ни­те ме­ха­низ­ми, пре­ку прак­ти­ци­ра­ње на раз­ни фор­ми на ак­тив­н­ст ќе по­до­бри­те и дру­ги сег­мен­ти од ва­ше­то жи­ве­е­ње. Спорту­ва­ње­то не е при­ви­ле­ги­ја. Спорту­ва­ње­то ду­ри и во фор­ма на лес­но пе­шач­ње и про­шет­ка во при­ро­да е не­ми­нов­но ко­га ста­ну­ва збор за по­доб­ру­ва­ње на ква­ли­те­тот на жи­во­тот. 

Увото е орган кој служи за слух и рамнотежа и се состои од три дела – надворешно, средно и внатрешно уво. 

Надворешното уво има улога за прифаќање на звучни бранови кои се претвораат во механичка енергија преку средното уво, додека внатрешното уво ја претвора таа енергија во нервни импулси кои потоа патуваат во мозокот, и на тој начин ние го слушаме звукот.

 

Воспаленија на увото
 

Честите респираторни инфекции, како што се настинка или грип, можат да предизвикаат воспаление на слушниот канал. Ова може да предизвика инфекција на средното уво или зголемување на притисокот на средното уво, што предизвикува силна болка.

Воспалението на увото (otitis media) е инфекција на средното уво, простор исполнет со воздух зад тапанчето што содржи ситни вибрирачки коски на увото. 


 

Обично предизвикува болка, а може да доведе и до наглувост. Се разликуваат три вида на воспаление на средното уво:
 

  • акутно воспаление
  • секреторно воспаление
  • хронично воспаление

 

Обично, воспалението е предизвикано од бактерии и вируси.

Луѓето во секоја доба може да имаат воспаление на средното уво, но сепак најчесто тоа се јавува кај новороденчињата и кај малите деца.

Повеќе од 80 проценти од децата имаат барем еднаш воспаление на средното уво до 3 години. 

Кај новороденчињата и малите деца, аудитивната цевка е анатомски и функционално незрела. Положбата под која се наоѓа е хоризонтална, а механизмот со кој се отвора е помалку ефикасен, поради што кај нив полесно се развива инфекција на средното уво.

 

Акутно воспаление на средното уво
 

Акутно воспаление на средното уво е бактериска или вирусна инфекција која обично ја придружува инфекција на горниот респираторен тракт. Кај новороденчиња, акутното воспаление на средното уво е предизвикано од грам-негативни цревни бактерии, особено Escherichia coli и Staphylococcus aureus.

 

Кај постарите лица и кај децата помлади од 14 години, најчести патогени микроорганизми се Streptococus pneumoniae, Moraxella catarrhalis и Haemophilus influenzae, додека почестите патогени микроорганизми се од групата А хемолитички стрептококи и Staphylococcus aureus.

 

Овој вид инфекција се појавува брзо и е придружена со оток и црвенило во увото зад и околу тапанчето на ушите. Треска, болка во ушите и оштетување на слухот често се јавуваат како резултат на заробената течност или мукоза во средното уво.

 

Најчестите симптоми се: треска, гадење, повраќање, дијареа, силна болка во главата и увото, губење на слухот, отежнато спиење, вртоглавица.

 

Tретман
 

Комплетниот третман на акутно воспаление на средното уво трае долго време. Терапијата обично трае 10-12 дена, додека чувството на вртоглавица може да трае многу подолго од тоа. Иако, спонтано се повлекуваат во 80 % од случаите, честопати се препишуваат антибиотици кои можат да ја намалат можноста од губење на слухот и последиците. Сепак, педијатрите и лекарите препорачуваат антибиотици само во случаи на најголема опасност или доколку не се забележи подобрување.

 

Сите пациенти добиваат аналгетици за намалување на болката. Системски деконгестиви кои влијаат на крвните садови на мукозните мембрани, исто така, можат да помогнат, помагајќи да се намали непродорноста и антихистаминици во случај на алергиска реакција.

 

Секреторно воспаление на средното уво
 

Секреторно воспаление на средното уво е одлив во средното уво што е резултат на нецелосно повлекување на акутно воспаление на средното уво или опструкција на Евстахиевата туба, без инфекција. Поточно, ако е нарушена продорноста на Евстахиевата туба, се создава релативно негативен притисок во внатрешното средно уво, што резултира со зголемување на течности, што може да предизвика губење на слухот.

 

Блокадата на Евстахиевата туба може да биде резултат на воспалителни процеси во назофаринксот, алергии, хипертрофична аденоидна вегетација или друго опструктивно лимфно ткиво или тумори.

 

Најчестите симптоми се глувост и чувство на исполнетост или притисок во увото. 

 

Третманот обично вклучува администрација на антибиотици, деконгестиви и антихистаминици.

 

Хронично воспаление на средното уво
 

Претставува постојан, хроничен гноен исцедок (подолг од 6 недели) преку перфорираното тапанче. Хронично воспаление на средното уво може да резултира од акутно воспаление на средното уво, опструкција на Евстахиевата туба, механичко оштетување, термички или хемиски изгореници, експлозивни повреди.

 

Хроничното воспаление на средното уво може да се влоши после инфекција на горниот респираторен тракт или кога водата влегува во средното уво за време на капење или пливање. Инфекциите често се предизвикани од грам-негативни бактерии или Staphylococcus aureus и доведуваат до безболна, гнојна, понекогаш миризлива отореа.

 

Пациентите со краниофацијални аномалии, Даунов синдром, миокарден синдром, расцеп на усните, атрезија на ноздрите или микроцефалија се изложени на зголемен ризик од воспаление.

 

Третман
 

Третманот бара целосно и често чистење на ушните патишта неколку пати на ден. Исто така е важно внимателно да се отстрани гранулационото ткиво. Покрај тоа, потребна е локална администрација на кортикостероиди и антибиотици. Постојат ретки случаи кога компликацијата на воспалението е толку многу голема што е потребна операција.

 

Превенција
 

Следниве совети може да го намалат ризикот од појава на инфекции на ушите:

 

  • Спречете ги вообичаените настинки и други болести. 
  • Научете ги вашите деца да ги мијат рацете често и темелно и да не споделуваат прибор за јадење и пиење. 
  • Избегнувајте изложување во зачадени средини (пасивно пушење).
  • Ако е можно дојте го вашето бебе најмалку шест месеци. Мајчиното млеко содржи антитела кои можат да бидат заштита од инфекции на ушите.
  • Ако го храните вашето бебе со шише, држете го во исправена положба. Не оставајте шишиња во креветчето на вашето бебе.
  • Разговарајте со вашиот лекар за вакцинациите. Советувајте се какви вакцинации се соодветни за вашето дете. 
  • Превентивно земање на препарати за зголемување на имунитетот, пневмококни и други вакцини против бактерии може да помогнат во спречување на инфекции на ушите.
 

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.