Во сезона на руска салата и кифлички, не е чудно ако добиете некој килограм плус. Па, тоа е смислата на празниците, зарем не? Она на кое сакаме да ве научиме е пристапот со кој ќе се обидете да ја поправите штетата. Изгладнувањето или детоксикацијата со чај (модерен начин на изгладнување) не е решение! Во време кога на пазарот постојат толку многу здрави и нискокалорични намирници, секое нивно игнорирање би му дошло како свесно загрозување на здравјето. 
 
Како реагира телото при изгладнување?
Телото умее да ја препознае здравата тежина до која треба да стигне и до која смее да оди. Ако нагло ги намалите калориите, прв што ќе се „побуни“ е стомакот – и другите ќе можат да го чујат неговото кркорење. Втори ќе се „побунат“ хормоните – како биолошки курири на пораките во организмот, овој пат, нивното мислење ќе биде јасно и гласно изразено. „Во случај значајно да го намалите внесувањето храна, ендокриниот систем ќе сигнализира со цел да ја задржи загрозената телесна тежина“, објаснува Прија Тев, диететичар од Хампшир, Англија. Имено, ќе се намали нивото на хормоните кои го редуцираат апетитот (лептин), а ќе се покачи нивото на хормоните кои го поттикнуваат апетитот (грелин). „На телото ќе му стане приоритет да се заштити од гладување на тој начин што ќе се потруди да создаде масни резерви“, вели Тев. Во услови на гладување, телото прави сѐ што е во негова моќ да ја зачува енергијата, тоа ќе согорува помалку калории дури и при изведување на секојдневните активности како стоење, одење или дигестија. 
Заклучок:Секој обид за изгладнување ќе ве чини повеќе масни резерви, неподнослив глад и побавен метаболизам – кој може да трае со месеци, па дури и со години. 
 
Изгладнувањето ќе ве направи несреќни
Оној што некогаш се осудил себеси на салата додека сите уживаат во богата празнична трпеза, најдобро може да ги опише депресивните чувства со кои се соочил. Не се само физичките флуктуации со кои се соочуваат оние кои се изгладнуваат. Епохалната студија спроведена пред 70 години, сѐ уште нуди концизни и важни откритија за менталните, физичките и социјалните последици од рестриктивното јадење. Да се потсетиме: истражувачите ги анализирале нормалните навики на исхрана кај 32 мажи, на возраст помеѓу 21 и 33 години, во период од 3 месеци. Потоа, свесно, биле изгладнувани цели 6 месеци, а отпосле, подлегнале на 3-месечна рехабилитација. Физичките резултати во шестмесечниот период, несомнено, биле драматични – испитаниците изгубиле речиси 25% од нивната телесна тежина и 30% од нивната мускулна сила.  Но, она што најмногу ги загрижило истражувачите, биле емотивните промени со кои се соочиле. Сите мажи, вклучени во студијата, подлегнале на депресија, променливо расположение, стрес, нервоза. Особено им бил намален капацитетот за мисловен мултитаскинг, бидејќи биле преокупирани размислувајќи на храна. Мажите повеќе не се смееле, ретко зборувале, а ја изгубиле и смислата за хумор. И по помирувањето со храната, дел од нив сѐ уште се бореле со негативните психолошки нуспојави. 
Заклучок:Среќата доаѓа од стомакот!
 
Поголемата слика
Живеењето со минимум храна е опасно по здравјето, но што е со аргументот дека намалувањето на калориите може да донесе здравје? Што вели на ова истражувачкиот тим од универзитетот „Оксфорд“? Откако учесниците во студијата консумирале исклучиво само шејкови, супи, нутритивни барови, во период од 8 недели, тие изгубиле 10% од нивната телесна тежина. Ваквиот рестриктивен пристап, на луѓето со лоши навики, им дал поттик да присвојат нови, појаснува водичот на студијата, д-р Сузан Џеб. Клучниот факт што не го знаете: во оксфордската студија биле вклучени испитаници кои се борат со вишок килограми. „Ги советувам луѓето да се потпрат на рестриктивни мерки, само ако имаат плус 30 килограми“, вели Џеб.Освен кога имате сериозен проблем со телесната тежина и се борите да присвоите здрави навики (да се храните здраво, да вежбате редовно, да се грижите за себе) во секој друг случај, брзите диети не се за вас! Од друга страна, тенка е границата изгладнувањето, што требаше да донесе брзи резултати, да премине во растројство. Д-р Џоана Силвер,од лондонската болница „Натингејл“, советува да се преиспитате како режимот по кој се храните, прави да се чувствувате и да се однесувате. „Одбивањето на покана за вечера поради тоа што сакате време за себе е во ред, но ако одбивате средба само за да не се опкружите со храна, тое е веќе загрижувачки“, вели Силвер. Подобар метод е да се фокусирате на цели кои може да се постигнат и балансирани навики на исхрана. Да, ќе ви треба двојно повеќе време за да дојдете до посакуваната цел, но промените ќе бидат трајни. 
 
Заклучок:Ако го мамите системот, телото, умот и резултатите ќе страдаат. Играјте по правилата и промените ќе траат со години. 


Вежбајте со мерка
Телото подеднакво се противи на прекумерното вежбање, исто како и на прекумерното гладување. При интензивно потење повеќе од еден час, телото лачи кортизол. Ако нивото на кортизол остане високо, телото ќе произведе вишок глукоза. Проблемот е во тоа што сиот тој излачен кортизол ќе го потисне инсулинот, хормонот кој е одговорен за глукозата во крвта да се конвентира во енергија. Превод: Клетките ќе останат гладни и упорно ќе праќаат сигнали за помош до мозокот – во практика: вие ќе јадете сѐ пред себе! 
 

Замор, печење, чувство на песок во очите. Дали можеби имате суво око и како да си помогнете?
 

Компјутер, куп документи, мо­ билен телефон и клима – „добитна комбинација“ за суво око. Работа пред компјутер, еден куп докумен­ ти на биро, пуштен клима­уред над главата, на паузата проверувате што се случува на Фејсбук или на Инстаграм, тргнувате кон дома, си пуштате повторно клима во авто­ мобилот, а автобусите воопшто да не ги споменуваме. Сигурно ви звучи како еден нормален работен ден. А, дали сте се запрашале како овој „нормален“ работен ден (кој се повторува со години) влијае на вашите очи?

ШТО ВО СУШТИНА Е СУВО ОКО?

Според дефиницијата од Национ­ алниот институт за суво око, син­ дром на суво око претставува квантитативно или квалитативно нарушување на солзниот филм, кое резултира со нарушување на очната површина.
Обично, кога ќе споменеме суво око, веднаш помислуваме на не­ достаток на солзи т.е. квантита­ тивно нарушување на солзниот филм, меѓутоа нарушувањето што многу почесто се јавува е, во суштина, квалитативно и е повр­ зано со зголемено испарување на солзите, односно евапорација.

 

Сладок или обичен компир?
А, зошто не и двата? Но, ако ве интересира кој предничи во однос на нутритивните вредности, тогаш слаткиот е во мала предност. Подеднакви се кога станува збор за витаминот Б6 и железото, според анализите на Џо Холингтон– диететичар и основач на „Нутришн ми“ (Nutrition Me). Обичниот компир е во предност во однос на витаминот Ц и бројот на калории (146 калории во 170 г во однос на 130 калории), но слаткиот содржи плус витамин А. Влакненцата во лушпата на слаткиот компир се доказ дека има понизок гликемиски индекс, што го прави одличен снабдувач на бавно-ослободувачка енергија. Ова важи без разлика колку и како го готвите.
 
Дали навистина ми треба и дневен и ноќен крем?
Да, бидејќи кожата има потреба од различни активни состојки навечер и преку ден. Дневната крема треба да содржи СПФ и антиоксиданти кои ќе војуваат со загадувачите и ќе го контролираат црвенилото. Ноќната крема треба да работи на проблемите со кои се соочува кожата, како сувост, темни дамки, знаци на стареење.
 
Дали преморот е реален?
Едно е сигурно – преморот може да ве остави без сон! Исцрпеноста се случува кога телото и умот не се синхронизирани: ментално сте истрошени, но, физички, телото не е доволно уморно за да потоне во сон. Вежбањето може да помогне, бидејќи на тој начин телото ќе се ослободи од адреналинот насобран во текот на стресниот ден лачејќи аденозин. На овој начин, всушност, ќе му помогнете на мелатонинот (хормонот одговорен за спиење) да биде поефикасен. Заборавете на идејата за чаша вино, алкохолот го компромитира длабокиот сон. 
 
Црвена, кафеава или зелена леќа?
Која ви е највкусна – таа, само да е леќа. Новите истражувања велат дека доволно е половина чинија ориз да замените со леќа, за да го намалите шеќерот во крвта за 20 %. Овој зеленчук кој е екстремно богат со влакна и протеини, ја забавува дигестијата и ослободувањето на шеќерот, правејќи ве сити подолго време и намалувајќи го ризикот од дијабетес. 
 
Зошто во зима ми се јаде висококалорична храна?
Виновни се хормоните! Тие се под силно влијание на сончевата светлина, па штом почне порано да се стемнува, нивото на серотонин (хормонот одговорен за среќата) почнува да опаѓа. Консумирањето храна богата со јаглехидрати го поттикнува неговото лачење. Поточно, јаглехидратите го поттикнуваат лачењето на инсулинот, кој, пак, ја конвертира аминокиселината триптофан во серотонин. Од овие причини, човекот несвесно преку храната се обидува да се расположи. А сега кога веќе знаете, одбирајте јаглехидрати со цело зрно, а оризот нека биде кафеав – потребно е подолго време за да се дигестираат, додека лачењето на глукоза во крвта се одвива порамномерно. На овој начин, нема да се соочите со нагло покачување на шеќерот во крвта, а ќе имате корист од бавното ослободување енергија. 
 
Ладен туш или топла бања – што е подобро по вежбање?
Зависи што сте вежбале! Ако сте изведувале вежби за издржливост, да речеме маратон, парната бања е одлична за истрошените мускули експресно да си ја вратат силата. Ако имате слаби точки кои ве изневеруваат во текот на тренингот, на пример, тетивите или половината, топла облога би ја подобрила циркулацијата. Но, за итна превенција од болки, бодежи, треперење во слабите точки, ставете кеса со лед за да спречите отекување или здрвување – особено на колената, колковите, зглобовите. Само што завршивте со кросфит-тренинг или трчавте спринт? Појдете под ладен туш. При интензивни и краткотрајни тренинзи, студената вода е во функција да ја насочи крвта во центарот на телото и на тој начин да ги стопли органите. Штом излезете од туш, крвта екстра брзо ќе се врати кон екстремитетите за да ги лекува и да ги опушти. За ладен туш се резервирани максимум 15 минути, поделени во интервали од по 3 минути.
 

Подаруваме 5 примероци од книгата „ЗАКОНОТ НА ПРИВЛЕЧНОСТА“ ОД ВИЛИЈАМ ВОКЕР АТКИНСОН во соработка со издавачката куќа Ѓурѓа.

 

Насоки:

Like на нашата facebook страница Ваш Аптекар, споделете ја објавата и една од темите објавени од 17.09 до 30.09.2020 , во коментар означете - тагнете пријател/ка и напишете ја вашата омилена тема од последниот број 35 Ваш Аптекар.

 

Доколку има повеќе учесници кои ги исполнуваат условите, книгите ќе ги подариме на 30.09.2020 по случаен избор.

 

КОСА
ТЕСТ:Откорнете влакно од зад уши, но од внатрешноста на косата. Истегнете го држејќи го за двата краеви. Ако се скине 3 сантиметри под коренот, можно е косата да е изложена на ризик.
ПРИЧИНА: Под дејство на стрес се покачува нивото на кортизол, кој го загрозува витаминот Б12 (телото почнува да ги троши резервите од витаминот со цел да ги ублажи нуспојавите од преголемата доза кортизол). Б12 учествува во создавање црвени крвни зрнца кои, пак, обезбедуваат кислород за косата. Ако витаминот константно се исцицува од влакната, тие за кусо време ќе станат кршливи.
РЕШЕНИЕ:Контролирајте го нивото на кортизол преку ситни, но значајни промени како помалку јадење благо и вежбање 3 пати неделно. 
 
КОЖА
ТЕСТ: Измијте го лицето наутро и прескокнете го кремот. По 1 час, притиснете хартиено шамиче меѓу двете веѓи, само неколку секунди. Повторете ја постапката еден час пред легнување. Ако зебележите доста масло на шамичето, тогаш се работи за нешто повеќе од тип на кожа.
ПРИЧИНА:Забрзаното продуцирање масло се должи на хормонски дебаланс. Екстремно масната кожа честопати е последица на вишок дихидротестостерон, кој поттикнува продукција на себум. Ако имате нередовен менструален циклус или забележувате влакна на регии како брадата, проверете ги хормоните.
РЕШЕНИЕ:Во зависност од резултатот, докторот ќе ви препише соодветни лекарства, тоа најчесто се контрацептивни средства или спиронолактон – диуретик кој го регулира високиот крвен притисок, но дерматолозите го даваат поради тоа што ја блокира продукцијата на тестостерон. 
 
НОКТИ
ТЕСТ:Нанесете лак што поблиску до кутикулата и набљудувајте го растењето на ноктот. Почекајте еден месец, па направете споредба со помош на израснатиот дел. „Студиите покажуваат дека здравите нокти растат 3,5 милиметри во период од 30 дена“, вели дерматологот Дана Стерн.
ПРИЧИНА:Бавниот раст на ноктите најчесто се должи на слаба циркулација. „Не е вистина дека ноктите треба да дишат преку површината, тие се снабдуваат со кислород и хранливи материи преку крвта“, објаснува доктор Стерн. Слабата циркулација може да се должи на седечкиот начин на живот или склоност на артериите да контрахираат под влијание на стрес или студ. 
РЕШЕНИЕ: Освен задолжителна спортска активност, во вашиот животен стил треба да вклучите масажа на дланки со цел да поттикнете циркулација.
 
ПОДОЧНИЦИ
ТЕСТ: Дозволете си 8 часа сон во текот на викендот, ако во понеделник наутро повторно се разбудите со темни кругови околу очите, тогаш време е да го промените начинот на исхрана.
ПРИЧИНА:Темните кругови може да бидат симптом за анемија. Ако повеќе имате проблем со отоци, тогаш обвинете го натриумот во храната. Телото ја задржува водата, особено под очите, ако претерате со солениот избор. 
РЕШЕНИЕ:Ако сте анемични, недостигот на железо се решава со суплементи и со мени кое ќе изобилува со минерали – броколи и зелени листови. За подуените ќесички – брзото одење или скокање ќе поттикнат лимфна дренажа и ослободување на вишокот течности.   
ADHD (Attention Deficit Hyperactivity Disorder) е состојба која е својствена за момчињата и за возрасните жени. 


Сте се почувствувале ли некогаш вака? А сте ги почувствувале ли сите овие сензации одеднаш? Ако да, сигурно сте помислиле дека сте на работ на нервен слом??? Продолжете да читате за што всушност се работи.
 
Кога ние возрасните, ќе го најдеме далечинското во фиоката од ладилникот, ваквата расеаност ќе ја препишеме на недостигот на сон и на преголемиот број обврски. Но, ваквите инциденти за многумина претставуваат начин на живот кој до пред некоја година психијатарите го дијагностицираа како анксиозност, биполарно растројство, депресија, а всушност станува збор за Синдром на невнимание и хиперактивност (ADHD). Илјадници возрасни се соочуваат со синдромот кој обично им се препишува на децата и на адолесцентите и тоа е главната причина заради која проблемот се продлабочува. 
Во последнава декада, менталното здравје постојано ни е во фокус. Луѓето нагло ја подобрија свесноста за себеси –„60 до 70 проценти можат да ги препознаат клучните симптоми на депресијата, а речиси половина од нив знаат да препознаат анксиозност штом ја почувствуваат“, се вели во последните истражувања. Но, кога ќе се спомене ADHD(или доволно е само хиперактивност), повеќето од нас замислуваат дечиња кои трчаат како муви без глава мавајќи си ја главата од ѕид. Ваквиот стереотип е толку тешко да се избегне, што најчесто води до погрешна дијагноза. Најмногу изложени на ризик? Жените! Некои институти за ментално здравје во светот веќе работат на тоа да ги унапредат насоките кон пациентите и, пред сѐ,докторите да размислат одново пред да ги дијагностицираат вообичаените ментални состојби.

ПОГРЕШЕН МАРКЕТИНГ
„Синдромот на невнимание и хиперактивност го карактеризираат три основни однесувања: хиперактивност, импулсивност и невнимание, со тоа што страдалниците искусуваат или предоминантни симптоми на невнимание или комбинација од трите“, објаснува д-р Роб Баскинд, консултант психијатар и експерт за ADHDкај возрасни. „Станува збор за невронска состојба или нарушување на системот одговорен за контрола на концентрацијата и транспорт на одредени невротрансмитери.“ Вообичаена е за момчињата и, секако, многу од децата ја надраснуваат, но се верува дека 65 % од децата со ADHDсѐуште се соочуваат барем со некои од симптомите додека наполнат 25 години, а некои остануваат заглавени со нив со декади.
ADHDкако состојба меѓу возрасните беше препознаена во 2008-ма и оттогаш на луѓето чии симптоми значително влијаат врз најмалку еден домен од нивното секојдневие, им се препорачува да појдат кај специјалист со цел да добијат соодветен третман –рецепт за метилфенидат (риталин) или курс по когнитивна бихејвиорална терапија. И сето ова звучи многу едноставно, но од старт имаме проблем со свесноста меѓу луѓето, па дури и докторите.
Возможно е да ги имате симптомите и пак да не успеете да ги поврзете со болеста, а со оглед на преклопувањето на симптомите својствени за други состојби, очигледно е дека и докторите ја губат загатката. И додека децата изведуваат тантруми, возрасните ги потиснуваат емоциите од причина што трескањето од земја станува општествено неприфатливо. Во превод, тие не манифестираат никакви симптоми, а тоа ја усложнува дијагнозата. 
Ревизијата на болеста од 2014-та меѓу девојчињата и жените го потврди следното: Поради начинот на кој жените ги манифестираат симптомите, тие најчесто спаѓаат во категоријата на невнимателни отколку хиперактивни;тие отпаѓаат од групата пациенти кои се соочуваат со трите основни симптоми истовремено;честопати не им бил дијагностициран ниту еден симптом. Затоа, нагласете колку често ви се случува да ја оставите рерната вклучена, да ги изгубите клучевите од дома, да ги заборавите документите на шалтер.
 
ПОГОДЕНА ДИЈАГНОЗА
Студијата од Норвешка епрва која го испитуваше опсегот на останатите ментални состојби меѓу жените со ADHD. Потпирајќи се на податоците собрани од 40.000 Норвежани со ADHDи 1.6 милиони без, истражувачите открија дека кај жените кои страдаат од синдромот, анксиозноста, депресијата, биполарните нарушувања и растројствата на личноста, се поопсежни. Но, дали животот без дијагностициран ADHDможе да предизвика развој на други ментални состојби? „Ако сте едни од ретките луѓе кај кои синдромот е присутен и во возрасното доба, тогаш голема е веројатноста да се соочувате со жестока состојба и нагласени симптоми, за разлика од другите чии симптоми стивнуваат после адолесценцијата“, вели д-р Ашок Рој, водечки психијатар по интелектуален хендикеп во Ројал колеџот за психијатари. „Колку подолго живеете без дијагноза, толку е поголема веројатноста да развиете секундарни состојби како директни резултати. И токму тука ќе паднете во магична замка, ако ги третирате секундарните состојби без да препознаете дека ги поттикнува синдромот, тогаш несомнено имате борба без крај.“
Поткревањето на свеста на сите фронтови (пациенти и лекари) може да направи најголема разлика. „Синдромот има неверојатна дарежлива особина, бидејќи штом го утврдите и почнете да работите на него, несомнено ќе почувствувате разлика. Не подразбира комплексен психолошки третман, одговорот на третманот обично е брз, а кај некои луѓе лекарствата прават разлика за неколку дена“, објаснува д-р Рој. 
 
ДЕФИНИРАЈТЕ СЛУЧАЈ
Како да направите разлика помеѓу чудниот расеан момент и менталната состојба со која можеби живеете цел живот? За почеток заборавете на стереотипите. Синдромот обично стартува со невнимание –ви паѓа концентрацијата сред читање, постојано скокате од една на друга задача, редовно губите предмети. На врвот на овие особини можно е и хиперактивно или импулсивно однесување – менување планови во последна минута, владеење со вниманието во просторијата и непрекинато и брзо зборување. Ако мислите дека си имате работа со синдромот, појдете кај матичниот доктор и посочете му го да ве упати кај специјалист. Дојдете подготвени и наведете ги сите симптоми, бидејќи ретко кој ќе ве ислуша повеќе од 3 минути. Пожелно е да нагласите КАКО симптомите влијаат на вашиот живот. Ако го имате синдромот, симптомите ќе ги чувствувате многу често, најверојатно секојдневно и истите ќе влијаат на неколку аспекти од вашиот живот. Опасен возач, неможност да задржите работно место, тешкотии во формирањето пријателства, се примери за значително влијание на симптомите. Со оглед на развојната природа на синдромот, размислете дали истите симптоми ги имавте и како дете. Ако ви биде дијагностициран ADHD, третманот подразбира лекарства, терапија или комбинација од двете. Најдоброто од сѐе тоа што не постои опција за неуспех. 
 

Синдромот на невнимание и хиперактивност го карактеризираат три основни однесувања: хиперактивност, импулсивност и невнимание.
 
Додека децата изведуваат тантруми, возрасните ги потиснуваат емоциите од причина што трескањето од земја станува општествено неприфатливо и затоа проблемот останува маскиран. 
 

Подаруваме 7 книги во соработка со издавачката куќа Ѓурѓа.

 

Насоки:

- Like на нашата facebook страница Ваш Аптекар
- Споделете ја објавата и една од темите објавени од 21.08 до 31.08.2020
- Во коментар означете - тагнете пријател/ка.
- Во продолжение на коментарот одговорете на прашањето: Кој број Ваш Аптекар излегува на 1-ви септември?

 

 

Доколку има повеќе учесници кои ги исполнуваат условите, книгата ќе ја подариме на 31.08.2020 по случаен избор.

 

Подаруваме 5 примероци од книгата “Моќта на умот тајна на менталната магија” во соработка со издавачката куќа Ѓурѓа.

 

Насоки:

Like на нашата facebook страница Ваш Аптекар, споделете ја објавата и една од темите објавени од 20.07 до 04.08.2020 , во коментар означете - тагнете пријател/ка и напишете ја вашата омилена тема од последниот број 34 Ваш Аптекар.

 

 

 

Доколку има повеќе учесници кои ги исполнуваат условите, книгата ќе ја подариме на 04.08.2020 по случаен избор.

За Нас

Ваш Аптекар, наменето да ги задоволи вашите потреби за квалитетни информации во врска со употребата на лековите и другите средства кои ги земате во аптеките. Ние се грижиме за вашето здравје и ќе ви обезбедиме интересни содржини кои директно ќе влијаат врз вашиот приод кон лекувањето и начинот на живот воопшто.

Следете не на Facebook

Newsletter

Внесете ја вашата е-пошта и навремено дознајте за сите новости и информации поврзани со Ваш Аптекар.